Прејди на содржината

Едип во Колон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Едип во Колон - драма (трагедија) од старогрчкиот писател Софокле. Таа е втора од трите драми на Софокле инспирирани од митот за Едип.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во драмата се прикажува прогонетиот Едип кој, воден од својата ќерка Антигона, доаѓа во Колон, во близината на Атина, каде што народот, трогнат од неговата несреќа, го прима во градот, иако стравува дека и врз нив би можело да падне проклетството. Подоцна, во Колон доаѓа и втората ќерка на Едип, Исмена, која раскажува за трагедијата која го снашла нивното семејство и за расправијата меѓу синовите на Едип. Имено, помалиот син Етеокле го грабнал престолот на Теба и го избркал постариот син Полиник, кој пак собрал туѓа војска и го нападнал градот. Исто така, во Колон пристигнува и самиот Полиник, кој бара совет од својот татко. Слепиот Едип, разгневен од дрскоста на Полиник, ги проколнува двајцата синови со зборовите:[1]

„Ти Тива нема да ја зграбиш со меч,
ни Аргос уште еднаш ќе го видиш ти:
од раката на својот брат ќе паднеш мртов,
а својот брат ти самиот ќе го убиеш...“

  1. Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, Антигона. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 71.