Прејди на содржината

Евдокија Бершанскаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евдокија Давидовна Бершанскаја
Евдоки́я Давы́довна Берша́нская
Родено имеЕвдокија Давидовна Карбут
Починал16 септември 1982 (69 години)
Москва, СССР
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
ЧинПотполковник
Единица588. Ноќен бомбашки полк
(подоцна преименуван во 46. Гарда на ноќен бомбашки полк)
Битки/војниВтора светска војна
ОдликувањаОрден на Суворов Трета класа

Евдокија Бершанскаја (руски: Евдоки́я Берша́нская; Доброволно, Ставропол, 6 февруари 191316 септември 1982 во Москва) беше командант на 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк за време на Втората светска војна и станува единствената жена што некогаш го добива Орденот на Суворов.[1] Под нејзина команда, 23 пилоти од полкот стануваат Херои на Советскиот Сојуз поради нивните успешни бомбашки мисии против силите на Оската.[2]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Бершанскаја е родена на 6 февруари 1913 година во Доброволно, во некогашната Руска Империја. Откако нејзините родители умираат во Руската граѓанска војна, неа ја одгледува нејзиниот вујко. По завршувањето на средното училиште во Благодарни, таа се запишува на училиштето за пилоти Батаиск во 1931, каде по дипломирањето обучува други пилоти од 1932 до 1939, пред да ја назначат за командант на 218-та Воздухопловна скадрила за специјални операции, а станува и заменик претседател на краснодарскиот градски совет. Пред германската инвазија на Советскиот Сојуз, Евдокија се мажи со Петр Бершански со кого има син, но нивниот брак брзо се распаѓа. Таа продолжува да го носи презимето Бершанскаја сѐ до нејзиниот втор брак со Константин Бочаров по завршувањето на војната.[3]

Втора светска војна

[уреди | уреди извор]

Во 1941, Марина Раскова добива дозвола од Сталин да формира три женски воздухопловни полкови: 586-от Борбен воздухопловен полк, 587-от Бомбашки воздухопловен полк и 588-от Ноќен бомбашки полк. Како пилот со десет години искуство, Бершенскаја е избрана да го води 588-от Ноќен бомбашки полк, кој лета со Поликарпов По-2 авионите двокрилци.[4] Во 1943, полкот е означен како гарда и е признат под името 46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк. Подоцна го добива Орденот на Црвеното Знаме. Жените пилоти се толку жестоки и точни, што германските војници почнуваат да ги нарекуваат Ноќни вештерки.[5] Ги нарекуваат вака бидејќи често во текот на мисиите ги исклучувале моторите и се „лизгале“ над нивните мети пред да ја исфрлат бомбата и повторно да го пуштат моторот.[6] Сѐ до нивното распуштање во октомври 1945, во составот на полкот остануваат само жени.[4][6] Заедно, имаат прелетано преку 230000 летови и исфрлено преку 3000 тони бомби на непријателските сили.[1][2][4]

Покрај 23. членови на полкот што ја добиваат титулата Херој на Советскиот Сојуз, две исто така се прогласени за Херои на Русија, додека една за Херој на Казахстан.[7]

Надворешни слики
Headstone

Подоцнежен живот

[уреди | уреди извор]

По војната Евдокија се мажи со Константин Бочаров, командант на 889-от Лесен ноќен бомбашки полк, кој за време на војната соработува со 46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, кога и се запознаваат. На свадбата присуствуваат многу членови на нивните полкови. Заедно имаат три ќерки. Во 1975 станува Почесен граѓанин на Краснодар. Живее во Москва, каде и умира од срцев удар во 1982. Закопана е на Новодевичкиските гробишта.[8]

Награди и почести

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Бершанская Евдокия Давыдовна - Орден Суворова III степени“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-03-21.
  2. 2,0 2,1 Маслов, Михаил (2017-09-05). Прославленный По-2. «Небесный тихоход», «кофемолка», «чокнутый будильник» (руски). Litres. стр. 98–104. ISBN 9785040214082.
  3. „Бершанская (Бочарова) Евдокия Давыдовна - советский военный летчик - Красные соколы: русские авиаторы летчики-асы 1914-1953“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-04-26.
  4. 4,0 4,1 4,2 Linda Delaine (2000). „Women Combat Aviators of the Patriotic War“. Russian Life. Архивирано од изворникот на 2012-07-22. Посетено на 2019-01-07.
  5. Streather, Adrian (2010). Red & Soviet military & paramilitary services: Female Uniforms 1941-1991. England: Veloce Publishing Limited. стр. 28. ISBN 1845840674.
  6. 6,0 6,1 Bellamy, Chris (2010). Absolute War: Soviet Russia in the Second World War. Great Britain: Vintage Books. стр. 488. ISBN 0375724710.
  7. „Герои Советского Союза и России“. tamanskipolk46.narod.ru. Посетено на 2018-04-26.
  8. „В бой идет "Дунькин полк". Известия (руски). 2008-05-07. Посетено на 2018-04-26.