Ева Кософски Сеџвик
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Ева Кософски Сеџвик | |
---|---|
Роден/а | Ева Кософски 2 мај 1950 Дејтон, Охајо, САД |
Починат/а | 12 април 2009 Њујорк, Њујорк, САД | (возр. 58)
Занимање | академик, автор, eсеист, критичар, поет |
Ева Koсофски Сеџвиг (2 мај 1950 година - 12 април 2009) — американска теоретичарка во областа на родовите студии, квир-теоријата (квир студии) и критичката теорија. Нејзините критички дела помогнале во создавање на квир студиите. Нејзините дела одразуваат интерес за голем број прашања, вклучувајќи ја и квир изведба; експериментално критичко пишување; делата на Марсел Пруст; нелакановска психоанализа; книги од уметници; будизмот и педагогијата; афективните теории на Силван Томкинс и Мелани Клајн, и материјалната култура, особено текстил и текстура.
Надоврзувајќи се на феминистичките студии и делата на Мишел Фуко, Сеџвиг открила наводно скриени хомоеротски мотиви кај писатели како Чарлс Дикенс и Хенри Џејмс. Сеџвиг тврдела дека разбирањето на прибложно секој аспект на модерната западна култура ќе биде нецелосно или оштетено, ако не успее да се обработи со критичка анализа на современата хомо/хетеросексуална дефиниција. Таа го измислила терминот „антихомофобичен“ (antihomophobic).
Нејзини истакнати дела се „Како да го израснете вашето дете во геј“, „Квир изведба: уметноста на романот од Хенри Џејмс “ и „Џејн Остин и девојчето што мастурбира “, која била остро критикувана за„скандалозната“ интерпретација.
Ева Кософски била израсната во еврејско семејство во Дејтон, Охајо. Таа ги завршила додипломските студии на Универзитетот Корнел, а нејзиниот докторат на Универзитетот Јеил. Таа предавала пишување и литература на Хамилтон колеџ, Универзитетот Бостон, и на Амхерст колеџ. Таа гостувала како предавач на Универзитетот на Калифорнија, Беркли и предавала на Школата за критика и теорија, кога била во состав на Дартмут колеџ. Таа, исто така, била професор по англиски јазик на Универзитетот Дјук, а потоа и истакнат професор на Сити Универзитетот во Њујорк.
За време на нејзиниот престој во Дјук, Сеџвиг и нејзините колеги биле во академската авангарда на културните војни, употребувајќи ја книжевната критика за преиспитување на доминантните дискурси за сексуалноста, расата, полот и границите на книжевната критика. Сеџвиг прва ја презентирала својата посебна збирка критички алатки и интереси во влијателните томови Помеѓу мажите: аанглиската литература и машката хомосоцијална желба (1985) и Епистемологија на плакарот (1990). Со нејзината подоцнежна работа станала една од втемелувачите на геј и лезбејските студии.
Во 2002 година таа ја добила наградата Брундер на Јеил. Таа предавала постдипломски курсеви по англиски јазик како истакнат професор на Сити Универзитетот Њујорк (CUNY) до нејзината смрт во Њујорк од рак на дојка на 12 април 2009 година , на возраст од 58 години.
Ева Кософски се омажила за Хал Сеџвиг во 1969 година; тој е сè уште жив.
Идеи и книжевна критика
[уреди | уреди извор]Опусот на Сеџвиг се движи низ широк спектар на медиуми и жанрови; поезијата и делата не се видливо одделени од остатокот од нејзините текстови. Нејзините интереси вклучуваат книжевни студии, историја, историја на уметноста, филмски студии, филозофија, културни студии, антропологија, женски студии и лезбејски, геј, бисексуални, транссексуални и интерсексуални (нетрадиционални полови ориентации) студии. Нејзината теоретски интереси биле синоптични, приспособливи и одбрани.
Нејзината работа може да биде погодна за студенти што можат да се справат со, и да ја ценат понекогаш комплицираната проза на Сеџвиг. Таа била посебно заинтересирана за неологизмите, како и за проширувањето на значењето на постојните зборови и фрази во нови правци. Според нејзината проценка, нејзиниот стил на пишување не може да се нарече лесен за разбирање или јасен во значењето.
Квир леќи
[уреди | уреди извор]Делата на Сеџвиг би требало да го направат читателот повеќе свесен за потенцијални „квир нијанси“ во литературата, поттикнувајќи го на читателот да ги промени своите хетеросексуални идентификации во потрага по „квир идиоми“. Така, покрај очигледните двосмислености, читателот би сфатил други потенцијални квир начини на кои зборовите би можеле да се сфатат. На пример, кај Хенри Џејмс, Сеџвиг ги истражувала зборовите и концептите како 'драг', 'основа', 'прашање', 'помага', 'мирисна', 'шокантно', 'ракавица, 'центар', 'периметар', 'аспект', 'медал' и зборови кои содржат фонема 'rect', вклучувајќи ги сите зборови кои ги содржат нивните анаграми, сите можат да имаат „анално-еротски асоцијации“.
Сеџвиг се повикува на делото на литературниот критичар Кристофер Крафт за да расправа дека воедно јазичните досетки и рими може да биде замислени и како „хомеоеротски бидејќи се хомофонични“; цитирајќи го литературниот критичар Џонатан Долимор, Сеџвиг сугерира дека граматичката инверзија може да има подеднакво интимна врска со сексуалната инверзија; таа посочува дека читателите може да сакаат да станат чувствителни запотенцијални квир ритми на определени граматички, синтаксички, реторички, и генерички реченични структури; сцени на тепање во детството биле еротизирани, а поврзани со двојно акцентирани стихови и со лириката како жанр; анжабманот (продолжена мисла од една линија, куплет, или строфа на следната линија без синтаксичка пауза) имал потенцијални квир еротски последици; додека пак песните со тринаесет стиха потсетуваат на формата на сонетот, па со отфрлање на конечниот римувачки куплет би било возможно да и се „одолее на хетеросексуалната двојка како парадигма“, предлагајќи за возврат потенцијални мастурбаторни задоволства и осаменост.
Сеџвиг ги охрабрува читателите да сметаат на „потенцијалната квир еротска резонанца“ која, наводно, може да биде најдена во делата на Хенри Џејмс. И самата изведувајќи „тематики од anal fingering и 'isting-аs-écriture“ (или пишување) воделата на Џејмс, Сеџвиг ja предложила идејата дека речениците чиј „релативно конвенционална градба предмет-глагол-прирок е нарушена, иако не и целосно прекината, како што алвеолата на реченицата потекува од вметнување на уште една, квалификувачка фраза или реченица“, најдобро може да се преведе или како давање задовлување на читателите со пенетрирање на прст или тупаница во нивните прави црева, или со нивниот 'испитувачки прст' ставен во аналниот отвор. Сеџвиг го прави ова тврдење врз основа на одредени граматички одлики на текстот.
Теми на работа
[уреди | уреди извор]Сеџвиг има објавено неколку книги што се сметаат за клучни во областа на квир-теоријата, вклучувајќи ги Помеѓу мажите: англиската литература и машките хомосоцијални желби (1985), Епистемологијата на плакарот (1990) и Тенденции (1993). Сеџвиг, исто така, прирдила изданија и ја објавила книгата поезија Дебела уметност, тенка уметност (1994), како и Дијалог за љубовта (1999). Нејзината прва книга, Кохерентноста на готските конвенции (1986), била ревизија на нејзината докторска теза. Нејзината последна книга, Допирни чувства го сведочат нејзиниот интерес за афектот, педагогијата и изведбата. „Помеѓу мажите: англиска литература и машки хомосоцијални желби“ (1985)
Сеџвиг ги сумирала нејзините основни аргументи во „Меѓу мажите“ во епистемологија, подоцнежно дело. „Помеѓу мажите“ требало да укаже „на иманентноста на јаките врски помеѓу ист пол и забраната за нивно соединување, како машко-женските врски во XIX век во англиската книжевност ...“
Книгата се фокусира на верувањето за постоење на нееднакви ефекти од страна на културниот систем каде што машко-машката желба може да биде јасно разбрана преку непостојна желба која вклучува жена.
Според Сеџвиг „машката хомосоцијална желба“ се однесува на сите машки врски, потенцијално вклучувајќи од хетеросексуалци до хомосексуалци. Сеџвиг го создала неологизмот “хомосоцијален”, термин којшто требало да биде спротивен на тогашните отфрлања за лексичките и концептуалните алтернативи за поттикнување на идејата дека поимите хетеро-, би- и хомосексуален човек и искуство можат да бидат лесно разликувани еден од друг. Таа тврдела дека овие три категории всушност и не можат јасно да се разликуваат една од друга, бидејќи она што се сфаќа како „еротско“ зависи од „непредвидливи и постојано менливи збирови од локални фактори“. Еден рецензент на нејзините дела тврди дека структурите за хомосоцијална желба која Сеџвиг ја открива во книгата се „сеприсутни“ во западната литература, и често се читаат преку други идеолошки екрани, и дека треба да „бидеме свесни“ за тоа.
„Хомосоцијален“ е неологизам кој служи за да се разликува од хомосексуалец и е форма на конотација за машките врски често проследени со страв или омрза спрема хомосексуалноста.
„Епистемологијата на плакарот“ (1990)
[уреди | уреди извор]Сеџвиг инспирацијата за „Епистемологија“ ја добила од читање на есејот „Тајните предмети, отворените теми“ од Д.A. Милер , потоа вклучени во „Романот“ и „Полицијата“ (1988).
Во „Епистемологија на плакарот“, Сеџвиг тврди дека „речиси секој аспект на модерната западна култура мора да биде не само непотполен, туку и оштетен во самата супстанца до степен каде што не ни вклучува критичка анализа на современата хомо/хетеросексуална дефиниција.“ Според Сеџвиг, хомо/хетеросексуалната дефиниција станала премногу дискутирана поради трајните недоследности „помеѓу сфаќањето на хомо/ хетеросексуалната дефиниција од една страна како прашање на активното значење, пред сè на мали, различни, релативно фиксни хомосексуални малцинства ... [и] од друга страна како прашање на трајно, дефинирачко значење во животот на луѓето од целиот спектар на сексуалности“.
„Дијалог за љубовта“(1999)
[уреди | уреди извор]Во 1991 година на Сеџвиг била дијагностицирана со рак на дојка, а потоа ја напишала книгата „Дијалог на љубовта“. Сеџвиг раскажува за терапијата низ којашто таа поминува, нејзините чувства кон смртта, депресија, и нејзината родова несигурност пред да и ја отстранат дојката и за време на хемотерапијата. Книгата вклучува воедно и поезија и проза, како и зборови на Сеџвиг и белешки на нејзиниот терапевт. Иако насловот ги конотира „Платонските дијалози“, формата на книгата била инспирирана од Џејмс Мерил - „Проза за заминување“, којашто ја следи јапонската форма на добродушни шеги од седумнаесетти век познати како хаибун. Сеџвиг ја користи формата на проширен, двојно-звучен хаибун за да ги истражува можностите во рамките на психоаналитички амбиент, особено оние кои нудат алтернативи за Лакан-флексирачката психоанализата, како и нови начини за размислување во врска со сексуалноста, семејните односи, педагогијата, астмата, и љубовта. Книгата, исто така, го открива зголемениот интерес на Сеџвиг за будистичката мисла, текстил, и текстура.
„Допирно чувство: афект, педагогија, изведба“ (2003)
[уреди | уреди извор]„Допирно чувство“ е напишана како потсетник на раните денови на квир-теоријата, која Сеџвиг кратко ја опишува во воведот со цел да се обрати на афективните услови, главно емоциите испровоцирани од страна на сидата, која преовладувала во тоа време, и да се стави во фокусот нјзината главна тема: односот помеѓу чувството, учењето и акцијата. „Допирно чувство“ ги истражува критичките методи кои може политички да разлутат и да помогнат во промената на темелите за поединечно и колективно искуство. Во почетниот параграф, Сеџвиг го опишува нејзиниот проект како истражување на „ветувачки алатки и техники за недвосмислена мисла и педагогија“.
|