Ебон
Изглед
Сателитска снимка на атолот. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 04°38′00″N 168°43′00″E / 4.63333° СГШ; 168.71667° ИГД |
Архипелаг | Ралички Острови |
Вкупно острови | 22 |
Површина | 5,75 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 714 (1998) |
Етнички групи | Маршалци |
Ебон или Епон (маршалски: Epoon[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 22 мали островчиња. Атолот сочинува една од општините во Маршалските Острови и е дел од Раличките Острови. Атолот се наоѓа околу 155 км јужно од Џалуит. Според податоците од 1998 година на атолот живееле 714 жители. Надморската височина на атолот е 3 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Ебон бил комерцијален центар за китоловството во 19 век. Во 1884 година атолот бил дел од Германска Нова Гвинеја, по Првата светска војна под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Посетата на Brig Vision на Ебон во 1874
- Маршалски Острови
- Ебон на Oceandots Архивирано на 23 декември 2010 г.
|