Прејди на содржината

Грчиште

Координати: 41°15′24″N 22°29′54″E / 41.25667° СГШ; 22.49833° ИГД / 41.25667; 22.49833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Грчиште

Панорамски поглед на селото (фотографирано од селото Смоквица)

Грчиште во рамките на Македонија
Грчиште
Местоположба на Грчиште во Македонија
Грчиште на карта

Карта

Координати 41°15′24″N 22°29′54″E / 41.25667° СГШ; 22.49833° ИГД / 41.25667; 22.49833
Регион  Вардарски
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 176 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2460
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04009
Надм. вис. 70 м
Грчиште на општинската карта

Атарот на Грчиште во рамките на општината
Грчиште на Ризницата

Грчиште — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Во минатото селото се нарекувало Гркиште, познато по грчкиот ан во кој преноќувале трговците кои поминувале на релацијата Солун-Белград. Кога дошле Бугарите го преимениле во Грчиште.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, чиј атар се допира со територијата на Општина Гевгелија. Од градот Валандово селото е оддалечено 11 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 70 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 15,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 389,8 хектари, на шумите отпаѓаат 510,4 хектари, а на пасиштата 404,3 хектари.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]
Панорама на селото во 1931 година

Во XIX век, Грчиште било македонско село во рамките на Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948424—    
1953419−1.2%
1961416−0.7%
1971423 1.7%
1981356−15.8%
ГодинаНас.±%
1991304−14.6%
1994286−5.9%
2002255−10.8%
2021176−31.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грчиште имало 500 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грчиште имало 680 жители.[4]

Грчиште е средно село по големина, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото броело 416 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 286 жители македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Грчиште имало 255 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 176 жители, од кои 171 Македонец, 3 Срби и 2 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 680 424 419 416 423 356 304 286 255 176
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Архангел Михаил“

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Грчиште се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 295 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 169 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Глос — населба и некропола од железно време.
Цркви[15]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Грчиште

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 89. Посетено на 22 јули 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 164.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јули 2017.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Образование“. македонски: Општина Валандово. Посетено на 22 јули 2017.[мртва врска]
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]