Прејди на содржината

Грегор Мендел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грегор Јохан Мендел
Роден(а)20 јули 1822
Хинчице, Хајзендорф, Австроунгарија
Починал(а)6 јануари 1884
Брно, Австроунгарија
НационалностАвстроунгарија
ПолињаГенетика
УстановиОпатија „Св. Тома“ во Брно
ОбразованиеОломоучки универзитет
Виенски универзитет
Познат пооткривање на генетиката
Грегор Мендел.

Грегор Мендел (германски: Gregor Johann Mendel; 20 јули 1822 - 6 јануари 1884) — австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар, кој се смета за научник кој ги поставил темелите на класичната генетика.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е на 20 јули 1822 година во Хајзендорф (денешно Хинчице, Нови Јичин), во Шлеска тогашна Австрија (а денешна Чешка) како Јохан, а името Грегор го зел откако станал августински свештеник. Гимназија учел во Тропау (денешна Опава), а студирал на универзитетот во Оломоуц – Филозовски факултет. Заради болеста на татка си и недостаток на пари морал да стане свештеник во 1843 и завршува теолошко училиште во Брно.

Диплимирал математика во 1850, и пробал да се запише на природни науки (биологија), но не го положил испитот за прием. Без разлика на тоа, тој сепак станува познат во науката – биологија, а математиката многу му помогнала, ги поврзал двете науки и ја создал генетиката.

Поради својот ентузијазам во Виена изучува зоологија, ботаника, физика, хемија и математика. Се враќа во Брно 1854, каде предава во Високо техничко училиште. После многу неуспешни обиди, во 1856 г. престанува во намерата да положи државен тест за учители, а по некои податоци во тоа го спречува болест.

Опитите со грашокот започнуваат во 1856, а во 1865 резултатите ги објавува на заседание на Природно-историските научни здруженија во Брно, а во 1866 го објавува своето дело „Опити со растителни хибриди“ во зборник на истото здружение. Копијата ја испраќа до познатиот австриски ботаничар Карл Вилхелм вон Негелиј кој не го познавал значењето на овој труд, со што Мендел поради разочарување престанува да работи. Мендел на изучување за законот за наследување работел цели 8 години. За да ги избере својствата кои се алтернативни, тој проучил 34 различни својства кај грашокот, а од нив одбрал 22 за понатамошни опити. Резултатите ги објавил за 7 својства.

Научно значење

[уреди | уреди извор]

Врв во кариерата достигнува во 1868 кога е избран за старешина на манастир и на тоа место останува сè до смртта, а од страна на научниците не е признаен. Неговите дела, трудови и генијални заклучоци биле пред неговото време, кои на почетокот на XX век биле повторно отркиени и станале основа на современата генетика. Три научници во 1900 година — Де Вриз (Холандија), Корене (Германија) и Греморк (Австрија) — незвисно еден од друг ги пронаоѓаат делата на Мендел и увиделе дека тој ги формулирал основите на генетиката и законитостите на истата. Дури 16 години по менделовата смрт, неговиот труд бил признаен, а неговите заклучоци добиле име кое им припаѓа: прв и втор Менделов закон за наследување.