Прејди на содржината

Грб на Таџичката Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Таџикската ССР.

Грбот на Таџичката Советска Социјалистичка Република бил усвоен на 1 март 1937 година, од страна на тогашната влада на Таџичката ССР.

Грбот се темели на грбот наСССР. Во средината на грбот се наоѓа голема црвена ѕвезда со мал срп и чекан во внатрешноста. Под ѕвездите се наоѓа изгрејсонце кое ја претставува судбината на таџикската нација. Од страните на грбот се наоѓаат симболи на земјоделието околу кои има црвена трака со натписот на мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединете се!" напишан на таџикски и руски јазик. Во долниот дел на грбот се наоѓа називот на републиката напишан на таџички (РСС Тоҷикистон) и руски јазик (Таджикская ССР).

Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Таџикистан.

Поврзано

[уреди | уреди извор]