Грб на Општина Струмица
Изглед
Грб на Општина Струмица | |
---|---|
Подробно | |
Грбоносец | Општина Струмица |
Штит | Спојување: Златен водочки крст, сонце, Цареви кули и карневалска маска |
Мото | СТРУМИЦА |
Грбот на Општина Струмица е грб кој ја претставува Општина Струмица. Toj е во форма на штит на кој на горната страна со кирилско писмо е напишано името на градот. Штитот е поделен на четири полиња во кои има симболи и тоа: во левиот горен агол е насликан златен крст од манастирот „Св. Леонтие“ во село Водоча од 6 век, во десниот горен агол има сонце, во левиот долен агол е ридот над Струмица со Царевите кули и три ѕвезди на небото и во десниот долен агол е карневалска маска. На грбот се среќаваат две бои: златна и кобалт-сина.
Дизајн
[уреди | уреди извор]Систем | Златна | Кобалт-сина |
---|---|---|
RGB | 255-204-0 | 0-0-153 |
хексидецимален формат | #FFCC00 | #000099 |
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Знамето на Општина Струмица каде што грбот е претставен во центарот на горната половина
-
Општинската зграда во Струмица, грбот е нацртан најгоре во круг со бела позадина
-
Униформа на Струмичката пожарна на која грбот е сместен на левото рамо