Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ — библиотека, сместена во Скопје, на булеварот Партизански одреди. Таа поседува книжевен фонд од половина милион публикации, обработени според најновите меѓународни стандарди за монографски и сериски публикации. Библиотеката располага со системот македонска виртуелна библиотека „КОБИС (COBISS“)[1] и со проектот на зачувување на стари книги.[2]
Клонови
[уреди | уреди извор] Градска Библиотека Браќа Миладиновци - Скопје
| ||
Централна библиотека Славко Јаневски |
Централна библиотека Страшо Пинџур |
Централна библиотека Цветан Димов |
Клонови |
||
Карпош | Стале Попов | Ферид Бајрам |
Димитар Влахов | Антон Панов | Кочо Рацин |
Ѓорче Петров | Рајко Жинзифов | Коле Неделковски |
Ибе Паликуќа | 13 ноември | 25 мај |
Св. Климент Охридски | Гоце Делчев | |
Кирил Пејчиновиќ | Ѓорѓи Абаџиев | |
Марко Цепенков | Наум Охридски | |
Јане Сандански | Глигор Прличев | |
Мито Хаџивасилев – Јасмин |
Историја
[уреди | уреди извор]Градската библиотека е основана на 15 ноември 1945 година, а во 1963 година, таа го добила името “Браќа Миладиновци”. Подоцна, во 1974 година, сите библиотеки во Скопје се интегрирале во Библиотеката “Браќа Миладиновци”.
Во 2013 година, библиотеката „Браќа Миладиновци“ воспоставила соработка со библиотеката „Ервин Сабо“ од Будимпешта. На 3 ноември 2014 година, со помош на унгарската амбасада во Скопје. Во состав на библиотеката било отворено унгарско литературно катче.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Зграда на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, прогласена за културно наследство на Македонија[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Градска библиотека „Браќа Миладиновци", КОБИС“. Архивирано од изворникот на 2006-10-10. Посетено на 2006-10-31.
- ↑ „Градска библиотека „Браќа Миладиновци", е – книга“. Архивирано од изворникот на 2007-02-05. Посетено на 2006-10-31.
- ↑ „Библиотеката „Браќа Миладиновци“ добива унгарско катче“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 19.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
- Дигитална библиотека
- Е-книги на библиотеката Архивирано на 16 ноември 2017 г.