Госпоѓици на брегот на Сена (лето)
Изглед
Творец | Гистав Курбе |
---|---|
Година | 1856–57 |
Вид | масло на платно |
Димензии | 174 см × 206 см |
Место | Мал дворец, Paris |
Госпоѓици на брегот на Сена (лето) (француски: Les Demoiselles des bords de la Seine (été)) ― слика со масло на платно од Гистав Курбе. Тој ја насликал помеѓу крајот на 1856 и почетокот на 1857 година и го претставил на жирито на Парискиот салон кој ја прифатил и го изложил на 15 јуни 1857 година со два портрети и три пејзажи од истиот уметник.
Ја купил пријателот и покровител на Курбе, Етјен Бодри (1830-1908), а потоа ѝ го оставил на сестрата на сликарот Жилиет, која и ја оставила на француската држава во 1906 година. Сега виси во Малиот дворец во Париз. Помала верзија на скица (96,5 x 130 цм) сега е во Националната галерија, Лондон.
|