Прејди на содржината

Горна Баварија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Баварија
Oberbayern
Административен округ
Карта на Bavaria со округот Горна Баварија
Карта на Bavaria со округот Горна Баварија
ЗемјаГерманија
Сој. покраинаБаварија
Админ. центарМинхен
Површина
 • Вкупна17.529,41 км2 (676,814 ми2)
Население (31 декември 2023)[1]
 • Вкупно4.820.938
 • Густина2,8/км2 (7,1/ми2)
Мреж. местоregierung.oberbayern.bayern.de

Горна Баварија (германски: Oberbayern) — еден од седумте владини окрузи на Баварија, Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Горна Баварија се наоѓа во јужниот дел на Баварија и е распослана околу градот Минхен. Таа понатаму е поделена на четири региони (Planungsverband): Илголштат, Минхен, Бајеришес Оберланд и Зидостобербајерн. Таа е наречена „Upper Bavaria“, бидејќи земјата е повисока од нивото на морето, отколку што е тоа случај со останатиот дел на Баварија, но бидејќи е посеверно, како што многу мислат.

Окрузи
Landkreise
Слободни градови
Kreisfreie Städte
  1. Алтетинг
  2. Бад Телц-Волфратсхаузен
  3. Берхтесгаденер Ланд
  4. Дахау
  5. Еберсберг
  6. Ајхштет
  7. Ердинг
  8. Фрајзинг
  9. Фирстенфелдбрук
  10. Гармиш-Партенкирхен
  11. Ландсберг
  12. Мисбах
  13. Милдорф на Ин
  14. Минхен
  15. Нојбург-Шробенхаузен
  16. Пфафенхофен
  17. Розенхајм
  18. Штарнберг
  19. Траунштајн
  20. Вајлхајм-Шонгау
  1. Инголштат
  2. Минхен
  3. Розенхајм

Население

[уреди | уреди извор]

Историски, населението во Горна Баварија:

Година Население
1840 711.861
1871 865.178
1900 1.351.086
1925 1.727.483
1939 1.999.048
1950 2.541.896
1961 2.831.744
1970 3.324.104
1987 3.598.126
2002 4.169.657
2005 4.238.195
2006 4.279.112
2008 4.320.934
2010 4.373.588

Историја

[уреди | уреди извор]

Војводството Горна Баварија било создадено за првпат со Првата баварска поделба во 1255 под војводата Лудвиг Втори Силниот, но нема точна врска меѓу ова војводство и моменталната територија. По повторното обединување во 1340 година Баварија била поделена повторно во 1349 и во 1392 на војводствата Баварија-Минхен и Баварија-Инголштат биле создадени во Горна Баварија. Во 1505 Баварија била конечно обединета. Во 1837 кралот Лудвиг Први Баварски го создал округот Горна Баварија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Преглед на состојбата на населението“. Баварска служба за статистика и обработка на податоци. јуни 2024. (германски)