Горки Парк
Горки Парк | |
---|---|
Горки Парк во 2006 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Москва, Русија |
Жанрови | Хард рок, глам метал |
Период на активност | 1987–2001, 2005–сѐ уште |
Издавачи | Меркјури Рекордс |
Соработници | Арија, Цвети |
Мреж. место | gorkyparkmusic.ru |
Членови | |
Александар Минков Алексеј Белов Јан Јаненков Александар Лавов | |
Поранешни членови | |
Николај Носков[1] Николај Кузминич Алаксеј Нелидов Александар Макин Виктор Конков Сергеј Окост |
Горки Парк (руски: Парк Горького) — руска хард рок музичка група основана 1987 година во Москва. Групата стекнала извесна популарност во САД по падот на железната завеса. Горки Парк биле запаметени по експлоатирањето на западните стереотипи за Русите, користејќи псевдо-традиционална облека, гитари во форма на балалајка, и дизајнирање на нивното лого според комунистичкиот симбол „срп и чекан“. Тие биле првиот руски бенд што бил емитуван на музичката телевизија MTV.
Горки Парк настапиле на Moscow Music Peace Festival одржан август 1989 на стадионот Лужники во Москва, заедно со музичари како Бон Џови, Мотли Кру, Скид Роу, Синдерела, Ози Озборн, и Скорпионс. Тоа било првото гостување на западноевропски и американски музичари во Русија. Потоа Горки Парк биле пред-група на турнејата на Бон Џови. Бендот ја загубил популарноста во 1990-тите со заминување на фронтменот Николај Носков. Групата згаснала во 2001, но повторно се оформила во 2005 и оттогаш настапила на повеќе музички фестивали.
Членови
[уреди | уреди извор]- Актуелни членови
- Алексадар Минков – фронтмен (1990-1999, 2008, 2009, 2012–сѐ уште), бас гитара (1987–1999, 2012–сѐ уште)
- Алексеј Белов – гитара, следечки вокали, клавијатури (1987–2001, 2005–сѐ уште)
- Јан Јаненков – гитара, следечки вокали (1987–1999, 2001, 2005–сѐ уште)
- Александар Лавов – тапани, перкусија, следечки вокали (1987–1999, 2006, 2008, 2009, 2012–сѐ уште)
- Поранешни членови
- Николај Носков – фронтмен (1987–1990, 2012)
- Николај Кузминич – клавијатури (1996–2001)
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Издавач | Пласман во САД[2] | Издаден во |
1989 | Gorky Park | Mercury Records | 80 | Европа САД Русија |
1993 | Moscow Calling | BMG International, N.V. | - | |
1996 | Stare | Nox Music | - | |
1998 | Protivofazza | Nox | - | Русија |
"-" – Албумот не се пласирал или не бил издаден во таа држава
Синглови
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Пласман во САД[3] | Албум |
1989 | "Bang" | - | Gorky Park |
"Try to Find Me" | 81 | ||
"Peace in Our Time" | - | ||
1992 | "Moscow Calling" | - | Moscow Calling |
1996 | "Stare" | - | Stare |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Биография“. Архивирано од изворникот на 2012-02-05. Посетено на 2017-04-20.
- ↑ „Charted albums in Billboard 200“. Allmusic.com. 2006. Посетено на May 18, 2010.
- ↑ „Singles Charted in Billboard Hot 100“. Allmusic.com. 2006. Посетено на 18 мая 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Горки Парк на Ризницата
- Официјално мрежно место Архивирано на 7 август 2016 г.