Горан Сугарески
Горан Сугарески | |
---|---|
Министер за транспорт и врски | |
На должноста 1 јуни 2017 – 31 август 2020 | |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Владо Мисајловски |
Наследник | Благој Бочварски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 3 август 1973 Прилеп, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Горан Сугарески (роден на 3 август 1973 година во Прилеп) — македонски политичар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работел како комунален инспектор.
Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собрание на Република Македонија. Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа станал и координатор до 2016 година[1].
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Горан Сугарески - министер за транспорт и врски“. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2017-06-08.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Владо Мисајловски |
Министер за транспорт и врски 1 јуни 2017 - 31 август 2020 |
Наследник Благој Бочварски |
|