Прејди на содржината

Гери (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Гери“ (англиски: Gerry) е американски филм, во режија на Гас ван Сант (Gus Van Sant). Главните улоги ги толкуваат: Кејси Афлек (Casey Affleck) и Мет Дејмон (Matt Damon).[1] [2]

Гас Ван Сент

Содржина

[уреди | уреди извор]

Двајца пријатели, кои меѓуебно се нарекуваат Гери (ги играат Афлек и Дејмон), решаваат да ја поминат пеш Долина на Смртта. Откако ќе се изгубат и ќе останат без вода и храна, ним им преостануваат само хуморот и самодовербата, со цел да се извлечат од неволјата. Меѓутоа, непрегледниот пустински простор, неговата убавина и фатаморганите почнуваат да влијаат врз двајцата пријатели, а нивната самодоверба сè повече слабее...[1]