Гевгелиско-валандовска Котлина
Гевгелиско-валандовска Котлина — котлина во областа Бојмија, Јужна Македонија и преку границата со денешна Грција. Ограничена е со водоразделните линии по планините Кожуф, Марјанска, Плауш, Беласица, Боска и Карабалија. Се простира по течението на Вардар од селото Удово на север до Циганската Клисура на југ, која се наоѓа во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија. Котлината зафаќа вкупна површина од 1000 км2, а се протега на надморска височина од 46 до 2.100 м.[1] Ова е едно од најтоплите места во Р Македонија; се одликува со изменетосредоземноморска клима[2] со средногодишна темепратура од 14,2 °C и годишни врнежи од 694,6 мм.[3]
Поделба
[уреди | уреди извор]- Валандовско Поле — на надморска височина од 50 до 200 м и зафаќа 115 км2
- Гевгелиско Поле — на надморска височина од 46-200 м и зафаќа 249,4 км2[1]
Плавини
[уреди | уреди извор]Поради големата висинска меѓу дното на котлината и највисоките делови на Кожуф, реките носат големи количини материјал, кој го таложат во облик на плавини. Особено се истакнуваат геолошки поновите плавини на реките Конска, Кованска и Серменинска, на кои се расположени населени места.
Ридови
[уреди | уреди извор]Котлината има повеќе ридови високи од 30 до 50 м. Позабележителни се:
- Вардарски Рид кај железничката станица
- Мрзенечко Брдо кај с. Мрзенци
- Рудина Чука кај с. Стојаково
- Голо Брдо кај некогашното с. Побрегово
- Литивка кај с. Богородица
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Група автори (2016). „Гевгелиско-валандовска Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 131. ISBN 978-9989-110-90-0.Група автори&rft_id=http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf&rfr_id=info:sid/mk.wikipedia.org:Гевгелиско-валандовска Котлина" class="Z3988">
- ↑ Климата во Република Македонија, Студија за геодиверзитетот, стр. 24
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Гевгелиско-валандовска Котлина“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 340–341. Text "series " ignored (help)