Прејди на содржината

Гварани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гварани
Guaraní
Вкупен број
257,400 (проценка)
Подрачја со значајно население
Парагвај, Аргентина, Бразил, Боливија
Јазици
гварански, шпански, португалски
Вероисповед
Католицизам, Протествантство, Амимизам
Сродни народи
Гвајукуруанцу
Кајнгангани
Чана Тимбу

Гвараните се јужноамерикански староседелски народ. Мајчин јазик на Гвараните е гваранскиот јазик, одлика која ги одвојува од сродните Тупијците. Традиционалната гваранска територија е денешен Парагвај, меѓу реките Уругвај и Парагвај, но и во делови во северна Аргентина, источна Боливија и јужен Бразил.[1] Иако нивната демографска доминација во регионот била засенета од шпанските колонизатори и доселеници од Европа, денес сè уште има значајни гварански заедници. Така, гаваранскиот јазик на широко се зборува во гваранските територии, тој е еден од двата официјални јазика во Парагвај[2] и скоро сите Парагвајци го разбираат овој староседелски јазик. Јазикот се изучува во образовниот систем.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Историјата на поимот „Гварани“ е предмет на расправа. Пред доаѓањето на Европејците во Америка, Гвараните се нарекувале себеси како „Abá“, што значи „мажи“ или „луѓе“.[3] Поимот „Гварани“ за првпат бил воведен од Језуитите за тие староседелци кои ја прифатиле христијанската вера. За тие што го одбиле покрстувањето се користеле поимите Cayua или Caingua (ka'aguygua). Cayua грубо преведено значи "тие од шумата". Така, и денес поимот „Cayua“ се користи за некои староседелски заедници кои не се вклопиле во современиот начин на живот. Но, поимот „Гварани“ се користи за сите, без разлика на нивниот општествен статус. Според Барбара Гансон, името „Гварани“ било дадено од Шпанците, било преземено од тупи-гваранскиот дијалект и значи „војник“.[4]

Позначајни Гварани

[уреди | уреди извор]
  1. „Society-GUARANI“. Архивирано од изворникот на 2006-09-25. Посетено на 2012-11-13.
  2. „Paraguay“. Embassy of Paraguay in the United States of America. Архивирано од изворникот на 2009-01-19. Посетено на 2012-11-13.
  3. „Catholic Encyclopedia“.
  4. Ganson, Barbara (2003). „The Guarani Under Spanish Rule in the Rio de la Plata“. Наводот journal бара |journal= (help)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]