Гајер
Гајер | |
Стариот плоштад во Гајер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Општ. заед. | Гајер |
Градоначалник | Јоаким Вајс (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 18,76 км2 |
Надм. височина | 550−741 м |
Население | 3.366 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 179 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC 1/ 2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 09468 |
Повик. бр. | 037346 |
Портал | www.stadt-geyer.de |
Местоположба на градот Гајер во рамките на округот Рудни Планини | |
Координати | 50°37′25″N 12°55′24″E / 50.62361° СГШ; 12.92333° ИГД |
Гајер (германски: Geyer) — град во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Гајер се наоѓа 8 километри северозападно од Анаберг-Буххолц и 23 километри јужно од Кемниц, во долината на потокот Гајерсбах. Градот главно е опкружен од шума, вклучувајќи ја и шумата Гајерше Валд (Geyersche Wald), која му припаѓа на градот.
Гајер се граничи со Еренфридерсдорф на североисток, Таненберг на југоисток, Елтерлајн на југ. Градот Цвениц е на запад, Хормерсдорф на северозапад и областа Грајфенштајне на север.
Историја
[уреди | уреди извор]Гајер бил првпат споменат во официјалните документи во 1381 година, иако рударството во областа на Рудните Планини веќе постоело со децении претходно. Во 1407 година, Гајер ги добил пазарните права (Marktrecht), а 60 години подоцна станал и град. Во 1537 година, во градот била воведена реформацијата. Познатиот ренесансен градител Хиеронимус Лотер се населил во Гајер во 1566 година.
Во XVI век, рударството станало потешко да се одржи, бидејќи повеќето рудници започнале да се исцрпуваат, кои произведувале сè повеќе и повеќе непотребни карпи. Ова довело до сè поголеми шуплини, кои довеле во 1704 и во 1803 година до големи несреќи во Гајер. Рударското окно Гајерше Бинге сè уште може да се посети и денес.
Со падот на рударството во областа, Гајер (како и многу други градови и села во Рудните Планини) се сврте кон дрвната индустрија - особено разни декорации и играчки - како работа за економско преживување. Во XVIII и XIX век, текстилната индустрија била главен извор на приход за Гајер. Во 1888 година, Гајер бил поврзан со пруга со тесен колосек, која станала дел од „Thumer Netz“, а во 1897 година, градот бил поврзан со електрична мрежа.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Кула-музеј
[уреди | уреди извор]42-метри високата стражарска кула била изградена во 1395 година како утврдена кула, служејќи како скривалиште за граѓаните во време на војна. Помеѓу 1561 и 1564 година кулата била подигната со карактеристичниот октагонален облик. Ова било направено да се создаде соба за Türmerfamilie, стражарот против пожари (и неговото семејство), со цел да обезбеди предупредување од катастрофалните и честите пожари во тие денови. Во 1952 оваа кула била претворена во музеј, кој покажува историски артефакти на седум нивоа поврзани со рударството и живото во градот низ вековите.
Стара железничка станица
[уреди | уреди извор]На местото на поранешната станица се наоѓа историската парна локомотива за пруга со тесен колосек заедно со вагоните, како потсетник на времето кога Гајер бил дел од мрежата Тум, во рамките на пругите со тесни колосеци во Саксонија.
Гајерше Бинге
[уреди | уреди извор]Гајерше Бинге е срушен рудник, несреќа предизвикана од пожар. Првата несреќа се случила во 1704, додека преостанати несреќи следеле низ годините. Последното рушење било на 11 мај 1803 и довело до прекин на рударството во Гајер. Областа е околу 60 метри длабока, 200 метри широка и 250 метри долга. Од 1935 година ова е природен резерват.
Познати жители
[уреди | уреди извор]- Адам Рис (1492 – 30 март 1559) — математичар, работел како даночник од 1533 до 1539 во Гајер
- Хиеронимус Лотер (1497–1580) — ренесансен градител и архитект, живеел и умрел во Гајер
- Куно Клецер (р. 1922)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
|