Вулкан (бог)
Вулкан во римската митологија е бог на оганот и на ковачкиот занает. Тој бил сопруг на најубавата римска божица - Венера (Афродита во старогрчката митологија). Во старогрчката митологија, неговиот пандан e Хефест. Вулкан бил син на Зевс (Јупитер) и Хера (Јунона), а бидејќи се родил грд, мајка му го фрлила од Олимп при што тој паднал на островот Лемнос и останал куц. Под Етна создал ковачница во која работел, заедно со киклопите, а според „Илијадата“ (18), неговата ковачница била на Олимп, каде му го исковал оружјето на Ахил.[1] Во „Одисејата“ (VIII, 270) Хомер кажува дека во една прилика, тој поставил невидлива мрежа над брачниот кревет и така ја фатил на дело својата жена која го изневерувала со богот Марс (Арес)[2] Со помош на секира Вулкан му ја расекол главата на Јупитер (Зевс) за да може да се роди Атина Палада.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|