Прејди на содржината

Воскресенска црква (Подолски реон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воскресенска црква
Воскресенська церква
Карта
Место Киев
Земја Украина
Историја
Основана1670
Архитектура
Урната1930

Воскресенската црква (украински: Воскресенська церква) е поранешна црква која се наоѓала во Киев, Украина.

Првата црква посветена на Христовото Воскресение била изградена во текот на 16 век. Таа дрвена црква на верниците служела до 1670 година кога била срушена и на нејзино место била изградена нова црква. Денеска не се знае кој точно бил главниот архитект за изградба на црквата. Храмот нил изграден во украински барок стил.

Во текот на својата историја, црквата била на неколкупати реновирена, како во 1732 и во 1809 година, кога била изградена и нејзината камбанарија. Во 1811 година, црквата била опфатена од голем пожар и голем дел од иконостасот бил изгорен.

Во текот на 1930 година, Воскресенската црква била разрушена.