Округот бил создаден во 1832 година кога Војводството Брауншвајг-Линебург било поделено на шест окрузи. Останал непроменет до 1941 година, кога со законот за Залцгитер (Salzgitter-Verordnung) му биле одземени 20 општини, а истовремено добил 10 општини од тогашниот округ Мариенбург. Повторно биле променети границите на округот во 1974 година (како дел од административната реформа), кога делови од поранешниот округ Брауншвајг биле додадени на Волфенбител. Дополнително, неколку општини, меѓу кои и градот Бад Харцбург, станале дел од соседниот округ Гослар.
Лавот на врвот на грбот ја претставува Велфската династија, владејачка династија на Војводството Брауншвајг од XIII век. Класјето долу го претставува земјоделскиот карактер на округот.