Прејди на содржината

Волфганг Кетерле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Волфганг Кетерле
Волфганг Кетерле на симпозиум во Брауновиот универзитет, 2007 година
Роден(а)21 октомври 1957(1957-10-21)(67 г.)
Хајделберг, Западна Германија
НационалностГерманец
ПолињаФизика
УстановиХајделбершки универзитет
МИТ
ОбразованиеХајделберчки универзитет
МТУ
МУЛМ
Макс Планков институт за квантна оптика
Докторски менторХерберт Валтер
Хартмут Фигер
Познат поБозе-Ајнштајнов кондензат
Поважни наградиБенџамин Френклинов медал за наука (2000), Нобелова награда за физика (2001)

Волфганг Кетерле (германски: Wolfgang Ketterle 21 октомври 1957) — германски физичар и професор по физика на Масачусетскиот институт за технологија (МИТ). Неговото истражување се однесува на опити кои заробувале ладни атоми до температури блиски до апсолутна нула,[1] и ја раководел една од првите групи кои согледале дека постои Бозе-Ајнштајнова кондензација во овие системи во 1995 година.[2] За ова негово достигнување, како и за неговите претходни изучувања на кондензатите, бил награден со Нобелова награда за физика во 2001 година, Заедно со Ерик Корнел и Карл Виман.[3]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Кетерле се родил во Хајделберг, Баден-Виртемберг, исе школувал во Епелхајм и Хајделберг.[4] Во 1976 година се запишал на Хајделбершкиот универзитет, пред да се префрли две години подоцна на Минхенскиот технички универзитет , каде се стекнал со магистерска диплома во 1982 година.[4][5] Во 1986 година се стекнал со докторак титула во опитна молекуларна спектроскопија под менторство на Херберт Валтнер И Хартмут Фигер од Макс Планковиот институт за квантна оптика во Гархинг, пред да го спроведе подокторското истажување во Гархинг и Хајделбершкиот универзитет.[5] Во 1990 година се придружил на Дејвид Причард во Истаражувачкаta лабораторија за електроника (ИЛЕ).[4] Му било доделен место на оделот за физика при МИТ во 1993 година,и од 1998 година, тоје назначен за Џон Мекартуров професор по физика.[5] Во 2006 година, бил назначен за помошник директор на ИЛЕ и започнал да работи како оперативен директор на Центарот за ултраладни атоми при МИТ.[5]

По откривањето на Бозе-Ајнштајновата кондензација во разредени гасови во 1995 година, неговат група во 1997 година била во можност да покаже интерференција помеѓу два кондензати во судир,[6] како и првотосоздавање на „атомски ласер“, атомски аналог на оптичкиот ласер.[7] Во продолжени на опитите поврзани со Бозе_ајнштајновите кондензати кај ултраладни атоми, неговите поскори достигнувања се и создавањето на молекуларен Бозеов кондензат во 2003 година,[8] како и опит од 2005 година кој дал доказ за суперфлуидност при високи температури кај фермионски кондензат.[9]

Кетерле е истот така маратонец кој се има појавено на страниците на декемврискиот број од 2009 година на списанието Светски маратонци „Јас сум тркач“.[10] Кетерле изјавил дека ќе ги понесе своите патики за трчање во Стокхолм при доделувањето на Нобеловата награда при што трчал истото утро. Кетерле се натпреварувал на Бостонскиот маратон во 2013 година при што пристигнал со време од 2:49:16.[11]

Књтерле е член на одборот на Центарот за унапредување на образованието,[12] каде учествува во напредните предавања за средношколци, при Истражувачкиот научен институт (ИНИ), на кој присуствувал и сопствениот син на Кетерле, Џонас во 2003 година.

Објавени дела

[уреди | уреди извор]
  • K.B. Davis, M.O. Mewes, M.R. Andrews, N.J. van Druten, D.S. Durfee, D.M. Kurn, and W. Ketterle (27 November 1995). „Bose-Einstein Condensation in a Gas of Sodium Atoms“. Physical Review Letters. 75 (22): 3969–3973. Bibcode:1995PhRvL..75.3969D. doi:10.1103/PhysRevLett.75.3969. PMID 10059782.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • M. R. Andrews, C. G. Townsend, H.-J. Miesner, D. S. Durfee, D. M. Kurn, and W. Ketterle (1997). „Observation of interference between two Bose condensates“. Science. 275 (5300): 637–641. doi:10.1126/science.275.5300.637. PMID 9005843.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • M. O. Mewes, M. R. Andrews, D. M. Kurn, D. S. Durfee, C. G. Townsend, and W. Ketterle (27 January 1997). „Output Coupler for Bose-Einstein Condensed Atoms“. Physical Review Letters. 78 (4): 582–585. Bibcode:1997PhRvL..78..582M. doi:10.1103/PhysRevLett.78.582.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • M. W. Zwierlein, C. A. Stan, C. H. Schunck, S. M. F. Raupach, S. Gupta, Z. Hadzibabic, and W. Ketterle (2003). „Observation of Bose-Einstein Condensation of Molecules“. Physical Review Letters. 91 (25): 250401. arXiv:cond-mat/0311617. Bibcode:2003PhRvL..91y0401Z. doi:10.1103/PhysRevLett.91.250401. PMID 14754098.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  1. „Wolfgang Ketterle“. MIT Department of Physics. Посетено на 27 October 2014.
  2. Shachtman, Tom (January 2008). „The Coldest Place in the Universe“. Smithsonian Magazine. Посетено на 27 October 2014.
  3. „Nobel Prize in Physics 2001“. Nobelprize.org. Nobel Media. Посетено на 27 October 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Wolfgang Ketterle - Biographical“. Nobelprize.org. Nobel Media. Посетено на 27 October 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Curriculum Vitae - Wolfgang Ketterle“ (PDF). Alkali BEC Projects @ MIT. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-26. Посетено на 27 October 2014.
  6. „Interference of Two Condensates“. Alkali BEC Projects @ MIT. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 27 October 2014.
  7. Ketterle, Wolfgang (20 November 2002). „Nobel lecture: When atoms behave as waves: Bose-Einstein condensation and the atom laser“ (PDF). Reviews of Modern Physics. 74: 1131–51. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-27. Посетено на 27 October 2014.
  8. „Physicists perform ultracold coup over molecules“. MIT News. 18 December 2003. Посетено на 27 October 2014.
  9. „High-Temperature Superfluidity“. Atomic Quantum Gases @ MIT. Архивирано од изворникот на 2015-09-08. Посетено на 27 October 2014.
  10. Doucleff, Michaeleen (3 November 2009). „I'm A Runner: Wolfgang Ketterle, Ph.D.“. Runner's World. Посетено на 27 October 2014.
  11. „2013 Boston Marathon Top Finishers“. registration.baa.org. Посетено на 27 October 2014.
  12. „Board of Trustees“. Center for Excellence in Education. Посетено на 27 October 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]