Прејди на содржината

Возач

Од Википедија — слободната енциклопедија

Возач или шофер е лице вработено да вози автомобил. Терминот може да се употреби за било којшто вози професионално или за возач на луксузен седан, особено лимузина. Иако во поголемиот број случаи овие луѓе се вработени од страна на богати луѓе без време или волја да возат сами, во некои земји во развој дури и луѓето од средна класа можат да си ги дозволат овие услуги.

Во друг случај, возачите можат да возат и во служба за најмување на лимузини која е слична на такси - службата, но користи полуксузни возила.

Условите за вработување се различни зависно од земјата или регионот во кој лицето се вработува. Најголемиот број на услови се одредуваат од страна на државата. Покрај нормална возачка дозвола во некои земји потребна е специјална дозвола или постојат како и старосни или искуствени ограничувања.