Власиќи
Власиќи | |
Воздушен поглед на некогашното место на селото Власиќи | |
Координати 41°28′36″N 20°31′30″E / 41.47667° СГШ; 20.52500° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 590 м |
Власиќи на општинската карта Атарот на Власиќи во рамките на општината | |
Власиќи на Ризницата |
Власиќи — раселено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено на источниот брег на Дебарското Езеро.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 590 метри.[2]
До селото води локален земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249, кој како асфалтиран води до селото Голем Папрадник.
Историја
[уреди | уреди извор]Името на селото потекнува од времето на миграцискиот бран на доселување на Власи од Албанија во Дебарско кон крајот на XVII век. Покрај Власиќи, од Власите е основано и маалото Влаовци во селото Рајчица.
Денес, селото е иселено и последните жители го напуштиле истото пред 1953 година.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е всушност дел од поголемиот атар на селото Голем Папрадник, па затоа за Власиќи нема издвоени податоци.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 7 домаќинства со 55 жители муслимани (Македонци) и 10 христијани (Македонци).[3]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Власиќи имало 65 жители, сите Македонци, од кои 10 православни и 55 муслимани.[4]
Селото е раселено уште пред 1953 година.[2]
Според пописите од 2002 година[5] и од 2021 година, селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 65 | — | —[б 1] | —[б 1] | —[б 1] | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Власиќи било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци. Во овој период, селото било дел од селото Голем Папрадник.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0557 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Оџовци.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 217 гласачи.[11] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 224 гласачи.[12]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 56.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-22. Посетено на 22 јануари 2023.
- Забелешки
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Податоците за населеното место Власиќи, согласно важечката територијална организација, во пописите од 1948, 1953 и 1961 година се вклучени во податоците за населеното место Голем Папрадник.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|