Прејди на содржината

Владимир Величковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимир Величковски
Роден 7 мај 1949(1949-05-07)(75 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Mакедонец
Занимање Историчар на уметноста, професор

Владимир Величковски (7 мај 1949, Скопје) — македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен критичар.[1][2] Значаен е во 80-те години за проблематизирањето на новите појави во македонската ликовна уметност.

Животопис и кариера

[уреди | уреди извор]

Дипломирал (1974) и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1997), а магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград (1985). Во периодот 1976-1977 година, тој бил на студиски престој во Париз. Бил професор по предметот „Современа светска и македонска уметност“ на Филозофскиот факултет во Скопје.[3] Тој е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Меѓународното здружение на ликовни критичари.[2]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Неговата главна критична мисла е дека во Македонија е редуцирана и потценета ликовната критика како активност. Гаснењето на интересот и на медиумите оди во прилог на гаснење на ликовната критика, а со тоа и на развојот на националната култура[4].

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје ја издала книгата на Владимир Величковски „Уметнички критики и есеи“, која е петтиот том со истоимен наслов на овој автор. Книгата содржи текстови пишувани и објавувани по 1973 година, од кога тој интензивно се занимава со ликовна критика. Оттогаш до денес, тој претставува најдоследниот и најтемелниот хроничар на ликовниот живот во Македонија, вреднувајќи ги преку ликовната критика и есејот сите позначајни настани, изложби, појави, тенденции и слично.[5] Владимир Величковски досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности особено за современата уметност, од кои најголемиот дел се монографските изданија. Тој по вокација е сликар, а е и автор на повеќе тематски и групни изложби.

Истата 1973 година, тој започнал да изложува слики самостојно.[2]

Галерија на дела

[уреди | уреди извор]
Слики вдахнати и посветени на пејачот Дејвид Боуви:
  1. / Владимир Величковски
  2. 2,0 2,1 2,2 „Каталог - Изложба на ликовни педагози - мај 2021“. Скопје: Детски ликовен центар - Градско здружение на ликовни педагози. мај 2021: 5. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. Личен исказ на Владимир Величковски. Пристапено на 25 јуни 2021.
  4. Критичката мисла во Македонија[мртва врска]
  5. Нова книга на Владимир Величковски[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]