Прејди на содржината

Вера Георгиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вера Георгиева
Родена Вера Минова
10 мај 1950(1950-05-10)(74 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонка
Занимање универзитетски професор

Вера Георгиева (моминско: Минова; Скопје, 10 мај 1950) — македонски универзитетски професор и историчар на филозофија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на насоката филозофија во 1974. Таа магистрирала на Филозофскиот факултет во Велград во 1982. На скопскиот Филозофски факултет таа докторирала во 1991 година. Како редовен професор од 2003 ги предавала предметите: историја на античката филозофија, историја на средновековната и ренесансната филозофија, арапската филозофија, еврејска филозофија, филозофија (општ курс), а од 1999 година, и предметот византиска филозофија. Георгиева е автор на стотина објавени текстови на историјата на филозофијата и филозофија на религијата.[1]

  1. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. 2009. стр. 347. ISBN 978-608-203-024-1.