Бунде (Германија)
Бунде | |
Селската црква во Бунде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лер |
Месни единици | 5 |
Градоначалник | Уве Зап (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 121 км2 |
Надм. височина | 2 м |
Население | 7.760 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 64 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC 1/ 2) |
Рег. табл. | LER |
Пошт. бр. | 26831 |
Повик. бр. | 0 49 53 |
Портал | www.gemeinde-bunde.de |
Местоположба на Бунде во рамките на округот Лер | |
Координати | 53°11′0″N 7°16′0″E / 53.18333° СГШ; 7.26667° ИГД |
Бунде (германски: Bunde) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Општината Бунде се наоѓа во областа Рајдерланд, една од четирите историски области во округот Лер. Рајдерланд е единствена област на Источна Фризија, која се наоѓа лево од реката Емс. Окружниот град Лер се наоѓа околу 13 километри североисточно од главното место Бунде. Општината е единствена во Источна Фризија, која има заедничка земјена граница со Холандија. Холандското место Бад Ниувешанс се граничи со Бунде. На северозапад се наоѓа морскиот залив Доларт. Од најблискиот голем град во Холандија, Гронинген, Бунде се наоѓа 47 километри на запад. Најблизок германски голем град е Олденбург, оддалечен околу 64 километри на исток.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Бунде се граничи со пет општини, кои се наоѓаат во две држави. На север се граничи со општината Јемгум, а на североисток со градот Венер. На југ се граничи Бунде со општината Реде во округот Емсланд. На југозапад се граничи со општината Вестерволде, а на запад со општината Олдамбт.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Бунде е составена од пет единици:
Единица | Жители | Површина (км²)[2] | Карта |
---|---|---|---|
Бен | 461 | 8,81 | |
Бунде | 3885 | 19,69 | |
Бундерхе | 598 | 16,17 | |
Доларт | 1285 | 53,40 | |
Вимер | 1351 | 22,96 | |
Вкупно | 7580 | 121,03 |
Особеност е единицата Долар, која се состои од повеќе села и до 1973 година била посебна општинска заедница. Историско место со име Доларт не постои. Во денешната единица Доларт влегуваат селата Бундерхамрих, Дицумерхамрих, Дицумерверлат, Хајницполдер, Каналполдер и Ландшафтсполдер.
Туризам
[уреди | уреди извор]Релативно оддалеченото место започнало да привлекува внимание кај туристите во 1980-тите години. Тие биле привлечени од недопрената природа на полдерите и старите ветерници, како и можностите за велосипедизам и кану, но и набљудување на птиците.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Штајнхаус Бундерхе
-
Ветерница во Бунде
-
Основно училиште во Бунде
-
Општинското собрание
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Bürgerbroschüre. (PDF; 2,3 MB) gemeinde-bunde.de, S. 46; abgerufen am 21. Mai 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бунде (Германија) на Ризницата ?
|
|