Бузуки
Класификација | |
---|---|
Сродни инструменти | |
Бузуки (грчки: μπουζούκι, множина: μπουζούκια) е грчки музички инструмент, кој во Грција го донеле доселениците од Мала Азија, а набргу е станал централен инструмент на ребетико жанрот и неговите гранки[1]. Основа е на модерната грчка музика, предниот дел на телото му е рамен и честопати многу украсен со седефи. Инструментот се свири со перце и има остар метален звук, сличен на мандолина, но е понизок.
Постојат два основни типа бузуки. Трихорд има три пара жици, а тетрахорд има четири пара жици.
Име
[уреди | уреди извор]Името "бузуки" потекнува од турскиот збор -{bozuk}- што значи "скршено" или "изменето"[2], и потекнува од посебниот начин на подесување ("штимување") под име bozuk düzen, која е најчесто користена турска верзија на саз-бузукот. Тој е во исто семејство инструменти како и мандолина и лејта. Првобитно телото било исклесано од едно парче дрво, сличано како саз, но по доаѓањето во Грција во раната 1910 е изменет со додавање на тежишта, изгледот е позајмен од неаполитанската мандола, а врвот под аголо по пример на неаполитанската мандолина за да се зголеми силата на телото, за да може да издржи подебели, челични, жици. Во музика Рембетика долго се користел трожичениот тип, но во 1950 Манолис Хотис го вовел четирижичениот тип[3].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bouzouki“. Архивирано од изворникот на 2012-02-09. Посетено на 2018-03-17.
- ↑ Musical Traditions, Issues 2–4, 1984, pp. 19
- ↑ „Bouzouki name origin“. Архивирано од изворникот на 2012-02-09. Посетено на 2018-03-17.