Бубрежен камен
Бубрежен камен | |
---|---|
Бубрежен камен | |
Специјалност | Урологија, Нефрологија |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Бубрежен камен или нефролитијаза (латински: nephrolithiasis) — болест на бубрегот, поточно на меките делови на овој орган - чашки, канали - каде што болеста формира цврсти материјални супстанции - од песок до камења со големина од неколку сантиметри, кои обично пречат на правилното функционирање на овој орган. Обично се создава во средиштето на бубрезите, каде што се собира мочта пред да оди во мочниот канал,цевка која води до мочниот меур. Тој се создава кога одредени материи во мочта-вклучувајќи калциум и мочна киселина- се кристализираат и тие кристали се таложат. Ситниот камен може да излезе од телото заедно со мочта, често речиси незабележливо. Напротив поголемиот камен го надразнува и го притиска мочниот канал кога се движи до мочниот меур, предизвикувајќи исклучително силни болки и спречувајќи го протокот на мочта. Понекогаш каменот може да биде голем како топче за голф и останува сместен во бубрегот, доведувајќи до уште потешко нарушување. Каменот во бубрегот е почест кај младите и луѓето со средни години отколку кај старите и многу почесто се јавува кај мажите отколку кај жените. Луѓето кои живеат во потопли климатски услови се поклони кон создавање камен во бубрезите поради почестата дехидратација, со која се концентрираат минералите во мочта. Ако некогаш сте заболеле од камен во бубрезите постои веројатност постои веројатност повторно да заболете. Затоа е важно толку што е можно поточно да одредите што ја предизвикало појавата на каменот за да преземете мерки за спречување на повторното заболување.
Симптоми
[уреди | уреди извор]- напад на остри болки што се појавуваат странично во пределот на ципите
- мачнина и повраќање
- обилно потење
- крв во мочта
Понекогаш постои воспаление кое може да создава дополнителни симптоми:
- температура и треска
- честа потреба за мочање
- болно и отежнато мочање
- матна моч или моч со непријатен мирис
Обратете се на лекар
[уреди | уреди извор]- ако мислите дека имате каммен во бубрезите; медицинските анализи се важни за дијагнозата и лекувањето.
- ако чувствувате бранови на остра болка отстрана или во стомакот; таквата болка може, исто така, да биде знак за други серозни болести како што се камен во жолчката, воспаление на карлицата, или некое внатрешно затнување. Веднаш побарајте медицинска помош.
- ако чувствувате каква било болка или тешкотија при мочањето, тоа може да биде знак за ингекција на мочниот меур, сексуално пренослива болест, тегоби со вагината,како што се вагинитис, зголемена простата, или тумор на мочниот меур или простатата. Одете на лекар без одложување.
- ако забележите крв во мочта, тоа може да упатува и на бубрежно заболување,тумор на мочниот меур или бубрезите, или воспаление на мочниот систем или простатата.
Причинители
[уреди | уреди извор]Зошто кај некои луѓе се сездава камен во бубрезите, а кај некои не, не е секогаш јасно. Во 90 проценти од случаите причината останува непозната. Ова нарушување се повторува во семејствата, а, исто така, изгледа, се предодредени луѓето кои боледуваат од гихт (гихт е посебна болест што е последица на таложење на мочната киселина во организмот), воспалителна болест на мочниот меур и хронични воспаленија на мочните патишта. Медицинските испитувања упатуваат на тоа дека пиењето премали количества течности може да предизвика појава на камен,како и долготрајно лежење в кревет. Хроничната употреба на антациди, кои содржат калциум, исто така, е поврзана со каменот во бубрезите. Недостатоците во исхраната, особено витамините Б6 и магнезиумот и големите количества витамин Д можат да бидат фактори кои влијаат на создавањето на каменот во бубрезите. Нерамнотежата на тие витамини и минерали може да ги зголеми количествата на калциум-оксилатите во мочта;кога нивото ќе стане превисоко, калциум-оксилатот, не истечува и може да почнат да се создаваат кристали. Кај луѓето кои имаат вродени предиспозиции храната богата со калциум-оксилат – како што е чоколадо, грозје, спанаќ и јагоди – можат, исто така, да го поттикнат создавањето камен во бубрезите.
Дијагностички пристапи
[уреди | уреди извор]Бидејќи многу симптоми на камен во бубрезите можат да упатуваат и на други нарушувања, лекарот мора да го потврди постоењето на каменот. Испитувањата ќе се состајат од анализа на крвта и мочта и, веројатно, интравенска пиелографија, посебна техника на рендгенско снимање на бубрезите, или ултразвучно снимање за да се утврди големината и положбата на каменот.
Лекување
[уреди | уреди извор]Конвенционална медицина
[уреди | уреди извор]Бидејќи 90 проценти од камењата во бубрезите од телото излегуваат сами, без никакво лекување, ви текот на три до шест недели, лекарот, најверојатно, ќе ви препише само многу вода – најмалку 3 и половина литри на ден – и лекови против болки, како што се ацетилсалицилната киселина или парацетамол со оксикодон. Термофорот, исто така, може да ви помогне во ублажувањето на болките. Можеби од вас ќе бара да мочате низ исто така што каменот ќе може за се задржи и испрати на анализа. Кога ќе биде познат составот на каменот, лекарот може да ви препише лекови или да одреди промени во исхраната за да се спречи развојот на нов камен. Обично каменот во бубрезите е составен од калциум-оксилат, така што лекарите често препишуваат тијазиден диуретик за да го спречат неговото повторно создавање. Ако се појават компликации, како што се воспаление или целосно затнување на мочните канали, каменот мора да се отстрани по хируршки пат. Зависно од големината и местото каде се наоѓа, каменот се отстранува или со конвенционална операција, или, почесто, со помош на тенок телескопски инструмент кој се нарекува ендоскоп. Хирургот низ мочоводот го вовлекува ендоскопот во мочниот меур и мочниот канал и потоа го турка каменот надвор или го погодува со звични бранови или ласерски знаци, кршејќи го на ситни парчиња. Ако каменот е сместен во бубрегот, инструментот се вовлекува во бубрегот низ рез на слабината на болниот. При новиот метод, познат како вонтелесно ултразвучно дробење на каменот (англ. ESWL – extra corporal shock wave lithotripsy) се ипотребува високоенергетски ултразвучни бранови кои го дробат каменот без операција.
Алтернативни начини на лекување
[уреди | уреди извор]Освен долупишаното лекување со кинески треви, можеби ќе се решите за акупунктура или хомеопатија; двата начини на лекување може да помогнат при ублажувањето на болките, а акупунктурата може да со забрза движењето на каменот. Во двата случаи, приврзаниците нагласуваат дека е неопходно да бидете под контрола на лекар.
Кинески лековити билки
[уреди | уреди извор]Стручните лица за кинеска медицина понекогаш препишуваат карамбола (Averhoa carambola) за да ја олеснат болката и да го поттикнат мочањето. Ставете три свежи плодови во тава со две лажички мед. Динстајте го овошјето додека не стане меко и тогаш изедете го овошјето и неговиот сок. Повторувајте го ова секој ден сè додека каменот не се изфрли и додека не се ослободите од болката.
Превенција
[уреди | уреди извор]За да го спречите повторното создавање на камен во бубрезите, можете да преземете повеќе различни мерки, главно сврзани со исхраната. Сето тоа, секогаш прво проверете го со својот лекар;составот на каменот ќе одреди што точно треба за преземете за спречување на болеста.
- пијте најмалку 3 и половина течности секој ден, а уште повеќе кога времето е топло.
- избегнувајте или јадете во помали количини храна која содржи калциум-оксилат
(чоколада, целер, грозје, слатки црвени пиперки, грашок, спанаќ, репка, црн чај). Можеби ќе морате да го ограничите вкупното внесување калциум,но не правете го тоа без совет на лекар.
- внесувајте ги дневните дополнителни количества витамин Б6 (10мг) и магнезиум (300мг) кои го намалуваат создавањето на оксалатот.
- избегнувајте ја храната која го зголемува нивото на мочната киселина;сардини, пивски квасец.
- намалете ја мочната киселина со исхрана со многу белковини.
- избегнувајте антациди – тие обично имаат многу калциум.
- намалете ја употребата на сол така што да не преминува 3 грама на ден;поголеми количества витамин Д, кои можат да го зголемат нивото на калциум-оксилат.