Бранко Сиџимовски
Бранко Сиџимовски ( 1926 во Скопје — 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил основно училиште. Поради лошите материјални услови на семејството, уште во најраната младост бил принуден да стане општ работник. Есента 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец во третата чета на вториот баталјон. Важел за мошне примерен и дисциплиниран борец. Посебно се истакнал со својата храброст во борбите против балистите на падините на Китка и Водно и покрај реката Треска. Учествувал во минирањето на сообраќајниците, со цел да се оневозможи повлекувањето на Германците од југ кон Скопје. По наредбата за напад за ослободување на Скопје, зел учество со својата чета во уличните борби. Токму во тие борби бил тешко ранет и како последица на тоа починал во 1945 година.[1]