Натпреварите во борење на Летните олимписки игри 2012 беа одржани од 5 август до 12 август, во ЕкСел Центарот во Лондон. Натпреварувањето било поделено во две дисциплини, слободен стил и грчко-римски стил, кои биле поделени во различни тежински категории. Мажите се натпреваруваат во двете дисциплини, додека женските натпреварувачки учествуваат во дисциплината слободен стил. Вкупно осумнаесет златни медали биле поделени. Борењето било дел од програмата на сите Олимписки игри освен на игрите во Париз 1900.