Прејди на содржината

Бозау

Координати: 54°6′12″N 10°25′57″E / 54.10333° СГШ; 10.43250° ИГД / 54.10333; 10.43250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бозау
Црква во Бозау
Црква во Бозау
Црква во Бозау
Грб на Бозау
Бозау во рамките на Германија
Бозау
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Источен Холштајн
Месна заед. Големо Пленско Езеро
Градоначалник Марио Шмит
Основни податоци
Површина 64,25 км2
Надм. височина 25 м
Население 3.426 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 53 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC 1/ 2)
Рег. табл. OH
Пошт. бр. 23715
Повик. бр. 04527
Портал www.amt-grosser-
ploener-see.de
Местоположба на Бозау во рамките на округот Источен Холштајн
Карта
Карта
Координати 54°6′12″N 10°25′57″E / 54.10333° СГШ; 10.43250° ИГД / 54.10333; 10.43250

Бозау (германски: Bosau) — општина на брегот на Големото Пленско Езеро, во округот Источен Холштајн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 13 километри западно од Ојтин и 30 километри југоисточно од Кил.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Следниве села припаѓаат на општината Бозау: Бихел, Брак, Бракраде, Хасендорф, Хуцфелд, Кикбуш, Клајнојдорф, Кленцау, Линсфелд, Леја, Мајенфелде, Квисдорф, Тирк и Вебс.

Црква Св. Петар

[уреди | уреди извор]
Црква Св. Петар

Знаменитост на Бозау е црквата посветена на Св. Петар и била изградена во 1151/1152 година. Била основана во текот на христијанизацијата на тогашниот словенски источен Холштајн (Ostholstein). Мисионерот, Вицелин, бил назначен во 1149 година од Хајнрих Лавот како епископ на Олденбург во Холштајн, а Бозау бил привремено епископско седиште, кога била изградена и црквата. Во 1152 година, Вицелин добил удар и умрел во 1154 година во Нојминстер. Свештеникот Хелмолд фон Бозау го запишал ова во неговата Chronica Slavorum.

Летни концерти и академии

[уреди | уреди извор]

Преку 40 години, Евангелистичката лутеранска црква во Бозау организирала летни концерти во Бозау (Bosauer Sommerkonzerte) во црквата Св. Петар. Од 2003 година, музичарот и оргулар во Бозау, Сергеј Черепанов, бил уметнички директор на летните концерти. Фестивалот го направил привлечен со различни настани: оргуларички концерти на класичен начин, денови на алтернативна оргуларичка музика, концерти, камерна музика, хорски и и соло настапи. Од 2008 година, летните концерти биле спонзорирани од здружението „Пријатели на летните концерти во Бозау“ (Freunde der Bosauer Sommerkonzerte), кои помагале во настанот.

По првпат во 2009 година била одржена Меѓународната летна академија во Бозау (Internationale Sommerakademie Bosau), истовремено со летните концерти, со над 35 учесници од неколку земји. Летната академија била започната и организирана од Черепанов, но поддршката стигнала од кадарот на Високата музичка школа во Либек. Завршните концерти на студентите на академијата и наставниците се привлечен додаток на летните концерти. Летната академија се одржува како дел од летните концерти.

Администрација

[уреди | уреди извор]

Иако Бозау се наоѓа во округот Источен Холштајн, од 1 јануари 2007 година припаѓа на општинската заедница Големо Пленско Езеро, чии останати членови припаѓаат на округот Плен.

„Поделен. На лево во сино, сребрена стилизирана глава на орел со клун, на десно во црвено златен лав“.[2]

Економија

[уреди | уреди извор]

Бозау е прогласен за воздушна бања (Luftkurort) со над 100.000 ноќевања годишно. Балтичкото Море се наоѓа на само 20 километри.

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
  2. [[[:Предлошка:SH-Wappenrolle]] Local coats of arms in Schleswig-Holstein]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]