Прејди на содржината

Битуша

Координати: 40°51.60′N 21°22.18′E / 40.86000° СГШ; 21.36967° ИГД / 40.86000; 21.36967
Од Википедија — слободната енциклопедија
Битуша
Παρόρειο
Битуша во 1917 г.
Битуша во 1917 г.
Битуша is located in Грција
Битуша
Битуша
Местоположба во областа
Битуша во рамките на Лерин (општина)
Битуша
Местоположба на Битуша во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°51.60′N 21°22.18′E / 40.86000° СГШ; 21.36967° ИГД / 40.86000; 21.36967
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000670000000670 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно229
Час. појасEET (UTC 2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC 3)

Битуша или Битуше[2] (грчки: Παρόρειο, Парорио; до 1926 г. Μπίτουσα или Μπιτούσα, Битуса[3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 23 жители (2011).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 10 км севрозападно од Лерин и 2 км северозападно. Лежи на подножјето на планината Пелистер, во близина на границата со Р Македонија, на надморска височина од 670 м. Атарот зафаќа површина од 7 км2[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Стефан Верковиќ во втората половина на XIX век завел 80 македонски семејства.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Битоше било село во Битолската каза со 580 жители Македонци.[5][6] Сите жители на Битуша биле под црховенството на Цариградската патријаршија. Според податоци на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото има 320 Македонци.[5][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Битуша се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[8]

Населението активно учествувало во борбата на ВМОРО против османлиската власт. Во Илинденското востание селото е ограбено и запалено од османлиската војска, а убиени се 25 жени и деца.[9] Во октомври 1905 г. Битуша нападната од андартската чета на Николаос Цолакис[10], при што се убиени 15 Македонци, а други 5 се претепани[11].

Со Букурешкиот договор в 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 482 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал дека селото имало 100 македонски куќи.[4] Во 1926 г. селото е преименувано во Парорион.[12] Во селото постоела традиција на иселување уште пред Втората светска војна, кога се иселиле 40 жители.[4] Во 1928 г. се зведени 490 жители, а истата бројка е забележана и во 1940 г.[4] Битуша не настрадала значајно во Граѓанската војна, и само мал број луѓе пребегнале во Р Македонија и источноевропските земји. Во 1950-тите години иселувањето се засилило, па така бројот на населението опаднал на 318 жители во 1961 и само 92 жители во 1971 г.[4] Бројот продолжил да се намалува во следните децении.

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 556 491 318 92 73 70 38 23
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Битуша, каде тоа е единствено населено место.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Жителите претежно се занимаваат со земјоделство, а делумно и со сточарство.[4]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви

Личности

[уреди | уреди извор]
Стојан Донски
  • Стојан Донски (1869-1904) — македонски револуционер, битолски околиски војвода на ВМОРО
  • Наум (Ναούμ) — гркомански андартски деец, помошник на капетанот Каравитис[13]
  • Попилиев (Παπαηλίας) — гркомански андартски деец, информатор на капетанот Каравитис[13]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. со варијантите Витоша или Витуша според Симовски
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπιτούσα -- Παρόρειον
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 141–142.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 166-167.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  9. „Георги Попхристов. „Спомени". Архивирано од изворникот на 2009-10-27. Посетено на 2009-10-27.
  10. „Δ. Λιθοξόου, Η περιοχή Φλώρινας, γεωγραφία της ιστορίας, Παρόρειο-Μπίτουσα“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  11. „в. ΕΜΠΡΟΣ, 15.10.1905, стр. 3“. Архивирано од изворникот на 2012-01-15. Посетено на 2016-03-12.
  12. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. 13,0 13,1 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 173.