Прејди на содржината

Битка за Лиеж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка за Лиеж
Дел од Западен фронт, Прва светска војна
Датум 5–16 август 1914
Место Лиеж, Белгија
Исход Победа на Германските сили
Завојувани страни
 Германско Царство  Белгија
Команданти и водачи
Германско Царство Ото вон Емих
Германско Царство Ерих Лудендорф
Белгија Џералд Леман зароб.
Сила
28,900–31,200 војници 32,000 војници
Жртви и загуби
3,300 6,000–20,000

Битка за Лиеж е прва битка во Првата светска војна на Западниот фронт и почетна битка во тек на германската инвазија на Белгија. Опсада на Лијеж траала од 5 август до 16 август 1914 година кога и последната тврдина што го обезбедувала градот по десет дена се предала под налет на германските трупи и силното оружје.

Германскиот план

[уреди | уреди извор]

По германската победа во Француско-пруската војна германскиот началник на генералштабот Хелмут фон Молтке, Постариот започнал да ја формуларизира војната на два фронта, против Франција и против Русија. Германија според тој план требало да изврши инвазија на една, а истовремено да се брани од втората. При крајот на 19 века станало очигледно дека Франција станувапомоќна и претставува опасен противник. Германија ги поседувала Алзас и Лорен како плодови на победе од Француско-пруската војна, а Франција посакувала да ги врати тие територии. Грофот Алфред фон Шлифен одлучил со руската претходница да се пресмета само со една армија, а напад, на Франција да испрати седум армии. Меѓутоа, Французи имале изградено систем на одбрана по должина на источната граница. Германија не можела да нападне преку Швајцарија бидеjќи Швајцарија имала над 500.000 добро обучени војници. Германија не можела ни директно да ја нападне Франција, бидејќи изградениот одбранбен систем бил како непробоен бедем. Поради тоа фон Шлифен и неговиот наследник Хелмут фон Молтке, Помладиот одлучиле да извршат инвазија на Франција од север, низ Белгија и така да дојдат до срцето на Франција. Планирале, многу помалку војска да остават на германско-француска граница, но главниот напад да оди преку Белгија. Но тој план имал недостаткк, бидејќи ја повредувал неутралноста на Белгија, што ја вовлекувало Велика Британија во војната. На патот на германската војска кон освојуваер на Франција се наоѓал и градот Лиеж.

Опсада на Лиеж

Лиеж бил силно утврден град. Реката Меза поминувала низ самиот центар на градот. На јужниот брег на реката Меза постоеле индустриски постројби и фабрики. Градот се наоѓал во речната долина со Ардени на исток и со белгиски планини на запад. Главна железничка врска меѓу Германија и Брисел одела низ Лиеж, а подоцна од Брисел продолжувала кон Париз. Таа железница фон Шлифен и фон Молтке намеравале да ја користитат за превоз на војската кон Франција. Освен тоа, околу градот постоеле тврдини од 19 век, што ја олеснувало одбраната на самиот град. Постоеле 6 тврдини на секоја страна на реката, а тие тврдини биле силно и добро вооружени. Типична тврдина имала 2 топа од 150  mm,, четири топа од 200  mm, два минофрлачи од 210  mm, една хаубица од 210  mm, и многу топови од 57 mm.

Лиеж лежи помеѓу Арден на југ и Мастрихт во Низоземска на север. Се наоѓа во долина на реката Меза која се влева во реката Урта. Реката Меза протекува низ кањони во Лиеж, па претставувала силна пречка за германското напредување. Освен тоа, таму се наоѓале 12 тврдини изградени во 1892 година според германските методи за фортификација. Тврдините се покривале едната со дригата во заштитни огнени зони, така што доколку едната тврдина падне, двете соседни можат да ја напаѓаат војската што се обидува да заземе мести на таа тврдина.

Шест тврдини биле соградени како основни и имале пентагонална форма со вооружени пречки. Тврдините биле сериозно добро вооружени Во тоа време германскиот производител Круп имал договор за замена на оружјата, така што Германците биле добро запознаени со артилерија на тврдините. Како слабост на тврдините можело да се смета на недостаток на луѓето за одбрана на градот и недостаток на полската артилерија што би ги покривала отворените дупки. Со одбрана на Лиеж командувал генералот Жерар Леман, кој имал 25.000 војници на располагање.[1]

Текот на битката

[уреди | уреди извор]

На Белгији војната ѝ е објавена наутро на 4 августа 1914 година. Германците формирале специјални сили од 30.000 војници под команда на Ото фон Емих, а ги следел Ерих Лудендорф како набљудувач. Специјални сили се состоеле од шест пешадиски бригади и три дивизии на коњаница. Неколику сати по прогласување на војната специјални единици преминале граница со Белгија. Кога дошле до рекеатаМеза затекнале уништени мостови, па истиот ден ја преминале реката северно од Визе. Белгискаата трета дивизијана на 5 август успешно ги одбила геранските напади, а Германците претрпеле големи загуби. По неуспешниот напад Германците извеле прв воздушен напад во историја. Користеле цепелин со кој фрлале бомби на Лиеж. Во меѓувреме германската коњаница успеала да го заобиколи градот од југ. Леман на третата дивизија ѝ наредил да се повлече од градот и да ѝ се приклучи на белгиската армија на запад.

Одбрана на Лиеж, 1914 година

Ерих фон Лудендорф ја презел командата врз 14 бригада, која успеала да се провлече меѓу тврдините. Успешно го зазеле Лиеж на 7 август 1914 година. Меѓутоа, надворешниот прстен на тврините го спречувал германското напредување. Тврдините опстојувале и покрај силното бомбардување.

Единствено на тврдината Флерон со артилериски оган бил уништен механизам на куполата. Тврдината Баршон била единствена што паднала во пешадиски напад на 10 август 1914 година. Германците против тврдините почнале да користат масивна артилерија. Биле довлечени крупови хаубици познати како „Дебела Берта“ од 420 -{mm}- и Шкодини топови од 305 -{mm}-. Гранатете од тие топови паѓале вертикално на тврдините и го пробивале бетонот, а експлодирале со одгодена експлозија, дури откако би се пробиле во внатрешноста на тврдината. Тврдините биле се бомбардирани една по една сè до предавањето. На 16 август 1914 година се предала и последната тврдина. Десетоднево запирање на Германците кај Лиеж не било предвидено според стратешки план (Шлифенов план) на германската војска. Германците загубиле два дена. Сепак германските команданти тврделе дека борбата за Лиеж не ја пореметила значително германската армија во нивните намери. Меѓутоа, десетодневната опсада им го подкренала моралот на сојузниците. Француски претдседател на градот Лиежу и на неговите граѓани им доделил орден на Легија на честа.

  1. J. M. Kennedy, „The Campaign around Liège,“ in Daily Chronicle War Books (London, 1914)