Бил Клинтон
Бил Клинтон Bill Clinton | |||
---|---|---|---|
42. Претседател на САД | |||
На должноста 20 јануари 1993 – 20 јануари 2001 | |||
Потпретседател | Ал Гор | ||
Претходник | Џорџ Х. В. Буш | ||
Наследник | Џорџ В. Буш | ||
40. и 42. Гувернер на Арканзас | |||
На должноста 11 јануари 1983 – 12 декември 1992 | |||
Намесен управник | Винстон Брајант Џим Гај Такер | ||
Претходник | Френк Д. Вајт | ||
Наследник | Џим Гај Такер | ||
На должноста 9 јануари 1979 – 19 јануари 1981 | |||
Намесен управник | Џо Персел | ||
Претходник | Џо Персел (Вршител) | ||
Наследник | Френк Д. Вајт | ||
50. Јавен обвинител на Арканзас | |||
На должноста 3 јануари 1977 – 9 јануари 1979 | |||
Управник | Дејвид Прајор Џо Персел (Вршител) | ||
Претходник | Џим Гај Такер | ||
Наследник | Стив Кларк | ||
Лични податоци | |||
Роден(а) | William Jefferson Blythe III 19 август 1946 Хоуп, Арканзас, САД | ||
Партија | Демократска партија | ||
Сопружник | Хилари Родам (в. 1975) | ||
Вероисповед | Протестански Христијанин | ||
Потпис | |||
|
Вилијам Џеферсон „Бил“ Клинтон (англ. William Jefferson "Bill" Clinton, родено име: Вилијам Џеферсон Блајт III), бил 42. претседател на САД. Своето претседателство го започнал по крајот на Студената војна во 1993. година. Бил еден од најмладите претседатели на САД, и првиот претседател од Бејби-бум генерацијата на САД.
Бил Клинтон потекнувал од скромно семејство со еден родител. Завршил правен факултет на престижниот универзитет Јеил, а пред да стане политички активен, имал адвокатска канцеларија. На претседателската функција дошол откако претходно бил гувернер на Арканзас
Неговото претседателство го карактеризирале низа социјални мерки, поради што бил омилен кај народот. Во неговото претседателство, САД имале буџетски суфицит и континуиран повеќегодишен економски раст. Поради ова, неговата популарност во текот на целиот мандат била над 50%, а кога ја напуштал функцијата имал популарност од 66%, што е единствен случај во историјата на САД.
И покрај својата популарност, бил повикан на одговорност и суден од Сенатот во 1999. поради давање лажна изјава во истрагата против него поради сексуална врска со Моника Левински - волонтерка вработена во Белата куќа. При гласањето, Сенатот не успеал да постигне двотретинско мнозинство потребно за да го разреши претседателот.
Кај нас ќе остане запаметен по тоа што со воена интервенција, а потоа и со преговорите спонзорирани од САД, ставил крај на Граѓанската војна во БиХ во 1995. со Дејтонскиот мировен договор. Покрај тоа, негова заслуга е и отворањето на патот за осамостојување на Косово, по бомбардирањето на Србија поради етничкото чистење во 1999. година и воспоставувањето на меѓународен протекторат на Косово.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|