Прејди на содржината

Белокрстен шарен клукајдрвец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белокрстен шарен клукајдрвец
Photo of a male D leucotos
Mажјак D leucotos
Drawing of a pair of D leucotos
D leucotos пар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Клукајдрвци
Семејство: Picidae
Род: Dendrocopos
Вид: D. leucotos
Научен назив
Dendrocopos leucotos
(Bechstein, 1802)
Dendrocopos leucotos leucotos

Белокрстниот шарен клукајдрвец (Dendrocopos leucotos) е Евроазиски клукајдрвец кој припаѓа на родот Dendrocopos. Toj е најголем од досега забележаните клукајдрвци во западниот палеарктик. Го има и во Македонија.

Белокрстниот шарен клукајдрвец е долг 24-26 см, со распон на крилјата 38-40 см и има перја слични како големиот шарен клукајдрвец, но со бели линии низ целите крилја наместо точки и бел долен грб. Мажјаците имаат црвена круна, а женките црна.[2]

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Подвидот D. l. leucotos го среќаваме во централна и северна Европа, а подвиодот D. l. lilfordi на Балканот и во Турција. Уште десет подвида се распространети до Кореја и Јапонија. Таа е ретка птица, која бара голема шума, со многу мртви дрвја. Нивниот број значително се намали во нордиските земји, а во Шведска се смета за загрозен вид и е ставен во националната прогарама за заштита.[3]

Поведение

[уреди | уреди извор]

Во сезоната на парење овој клукајдрвец, како и другите од неговиот род, прави гнездо во дупките на дрвото, која е широка околу 7 см и 30 см длабока. Снесува 3-5 бели јајца и ги инкубира 10-11 дена. Се храни претежно со дрвните штетници - инсекти, и нивните ларви, со разни други инсекти, како и со ореви, семиња и други плодови. Чукањето во дрво од страна на мажјаците е многу силно, а огласувањето вклучува мек звук „киук“ и малку подолг „куееек“.

Подвидови

[уреди | уреди извор]

Има 12, до сега познати, подвида:[4][5]

  • D. l. leucotos
  • D. l. lilfordi
  • D. l. tangi
  • D. l. subcirris
  • D. l. stejnegeri
  • D. l. namiyei
  • D. l. takahashii
  • D. l. owstoni
  • D. l. fohkiensis
  • D. l. insularis
  • D. l. quelpartensis
  • D. l. uralensis
  1. BirdLife International (2012). Dendrocopos leucotos. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. 1997. ISBN 0-19-854099-X.
  3. National Biodiversity Action Plan of Sweden, Upsala (1999)
  4. „GlobalTwitcher.com: White-backed Woodpecker Dendrocopos leucotos“.
  5. „eol Encyclopedia of Life: Dendrocopos leucotos“.
  • Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]