Прејди на содржината

Белевехчево

Координати: 41°34′N 23°19′E / 41.567° СГШ; 23.317° ИГД / 41.567; 23.317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Белевехчево
Белевехчево is located in Бугарија
Белевехчево
Белевехчево
Местоположба во областа
Белевехчево во рамките на Пиринска Македонија
Белевехчево
Местоположба на Белевехчево во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°34′N 23°19′E / 41.567° СГШ; 23.317° ИГД / 41.567; 23.317
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна187 км2 (72 ми2)
Надм. вис.&10000000000000364000000364 м
Население (2015)
 • Вкупно0
 • Густина0,0/км2 (0,0/ми2)
Час. појасEET (UTC 2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC 3)
Пошт. бр.2800
Повик. бр.0746

Белевехчевосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Белевехчево се наоѓа на 4 километри источно од Свети Врач, во планински регион. Сместено е во западните делови на планината Пирин, на надморска висина од 364 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 187 км2. Се одликува со преодно-средоземна клима, со благи зими и топли, долги лета.

Во последниве години, селото се развива како место каде поранешните жители на селото градат вили поради поволните климатски услови за релаксација. Селото е почетната точка за пешачење до планината Пирин и Националниот парк „Пирин“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство

[уреди | уреди извор]

Црквата „Свети Ѓорѓи“ датира од средината на XIX век[1]. Од 1865 до 1873 година, во селото работело селско училиште, а учител бил Андон Анастасов[2]. Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белевесчево (Bélévestchévo) е е село со 32 семејства и 100 Македонци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 340 жители, сите Македонци[3][5].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 13 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].

Бугарија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население на Белевехчево по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 88 78 90 16 4 2 3 1 1 0
Население по возраст
од 2011 година
[8]:
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 405. ISBN 954-95006-2-1.
  2. Тасев, Христо (1987). Борба за национална просвета в Мелнишкия край. София: Народна просвета. стр. 30–31.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829
  7. 7,0 7,1 „Справка за населението на с. Белевехчево, общ. Сандански, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.