Бегај!
„Бегај!“ | |
---|---|
Плакатот на македонски | |
Режисер | Џордан Пил |
Продуцент |
|
Сценарист | Џордан Пил |
Главни улоги | |
Музика | Мајкл Абелс |
Кинематографија | Тоби Оливер |
Монтажа | Грегори Плоткин |
Студио |
|
Дистрибутер | Universal Pictures |
Премиера | 24 јануари 2017(Санденс) 24 февруари 2017 (САД) |
Времетраење | 104 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 4,5 милиони долари[1] |
Бруто заработка | 255 милиони долари[1] |
Бегај! (англиски: Get Out) — американски филм на ужасите од 2017 година во режија и по сценарио на Џордан Пил. Во главните улоги се појавуваат Даниел Калуја како Крис, црнец кој го посетува семејството на својата бела девојка (Алисон Вилијамс); во нивниот дом, слугите се црнци и се однесуваат чудно.
Бегај премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал Санденс на 24 јануари 2017 година, и бил нашироко издаден во САД на 24 февруари 2017 година од страна на Universal Pictures. Филмот бил добро прифатен од критичарите и публиката, со особени пофалби за сценариото и режијата на Пил и изведбата на Калуја, и бил вброен од националниот одбор за реценција на филмови, американскиот филмски институт и списанието Тајм во најдобрите десет филмови за 2017 година.
Бегај заработил бројни филмски номинации. На 90. доделување на наградите Оскар, филмот бил номиниран во категориите најдобар филм, најдобар режисер и најдобар глумец (за Калуја) и бил награден со Оскар за најдобро оригинално сценарио. Филмот добил пет номинации на 23. доделување на наградите на филмските критичари, две номинации на 75. доделување на наградите Златен глобус (најдобар филм – мјузикл или комедија и најдобар глумец – мјузикл или комедија за Калуја) и две номинации на 71. доделување на наградите БАФТА (најдобар глумец за Калуја и најдобро оригинално сценарио).
Содржина
[уреди | уреди извор]Крис Вашингтон попушта под притисокот на својата девојка Роуз Армитаж и заедно отишле во посета на нејзините родители, после четири месеци колку што биле во врска. Крис од почетокот бил несигурен во врска со идејата за запознавање на родителите затоа што се грижел за нивниот став спрема Афроамериканците. Роуз го разубедила, говорејќи му дека сигурно не би предложила нешто такво ако нејзините родители биле расисти.
Самиот прв впечаток кој го стекнал Крис на имотот не бил најсреќен. Градинарот и куќната помошничка се Афроамериканци, што во него веднаш разбудило сомнеж. Сепак гледано од другог агол, нејзиното семејство се чини пријатно и идилично па тој пробува да се отргне од чувствата дека нешто не е во ред. Тука дознава дека Дин, таткото на Роуз, е неврохирург, а нејзината мајка Миси хипнотерапеут, која му кажува дека може да му помогне да се одвикне од пушењето цигари, затоа што истото го направила и со својот сопруг. После сесијата со хипноза која била извршена звучно-визуелно, мешајќи со лажичка по шољата со чај, му наредува да "потоне". Крис одеднаш се проналашол во црнило лебдејќи надолу, додека она што би требало да го види со очи го гледал низ оддалечен екран. Тогаш наеднаш се пробудил и помислил дека се тоа го сонувал, но приметува дека сега цигарите му се гадат.
Следниот ден го обележува доаѓањето на гостите во куќата на Армитаж, каде Роуз сите роднини и куќни пријатели ги запознава со својот нов дечко. Крис во групата луѓе забележал едно момче, Логан Кинг, кој бил единствен Афроамериканец и му приоѓа да разговараат затоа што се чувствувал пријатно. Меѓутоа, приметил неколку работи: Логан бил во присуство на многу постара жена која го одвлекла од разговорот со него; облеката која ја носел била прилично стара; а неговото однесување било многу чудно и доста го потсетувало на однесувањето на градинарот и куќната помошничка. Покрај се, во еден момент на забавата дошло до кулминација. Бидејќи Крис, кој инаку се занимава со фотографирање, одлучил да го исполни своето време со фотографирање на гостите па и Логан Кинг. Меѓутоа оној момент кога се вклучил блицот, Логан започнал хистерично да го напаѓа Крис и да му говори да бега оттаму. Миси и Дин го одвеле во соба за да го смират и на гостите им кажуваат дека во прашање бил епилептичен напад.
Крис сфатил дека нешто многу чудно се дешава и сака да се врати дома. Гледајќи го вознемирен, Роуз го прифатила тоа и започнале да се пакуваат како би заминале. Во меѓувреме, Крис праќа слика од Логан на својот другар Род Вилијамс кој отишол во полиција да ја пријави целата ситуација затоа што се сетил дека Логан е всушност Андре Хејворт негов поранешен познаник и дознал дека веќе некое време се води како исчезната личност. Инспекторката на која се обратил ја исмева неговата теорија дека Армитажови киднапираат Афроамериканци да би им служеле како робови и не прави ништо по тоа прашање.
Крис за време на пакувањето пронашол кутија со слики од Роуз на кој се наоѓаат и градинарот и куќната помошничка и сваќа дека што и да не е ред со тоа семејство, тоа ја вклучува и неговата девојка. Во тој момент Миси го хипнотизира Крис и тој се буди во подрумот врзан со каишеви за фотеља.
На телевизорот кој се наоѓа пред него започнува филм во кој се објаснува како Дин врши пресадување на мозок, обозможувајќи им на белците да го контролираат телото на Афроамериканецот, додека тие остануваат „потопени“ и ја задржуваат својата свест меѓутоа се заробени во своето тело.
Крис успеал да се ослободи од хипнозата на телевизија тако што кине сунѓер од фотељата и ги запушил ушите. Ги убива родителите на Роуз и нејзиниот брат, влегува во кола и бега но по пат ја удрил куќната помошничка. Во желба да и помогне, ја ставил во колата без да знае дека нејзиното тело го контролира бабата на Роуз, која предизвикува судар купувајќи време а Роуз доаѓа со градинарот и заедно го напаѓаат Крис. Бабата умира во колата а градинарот го фаќа Крис, меѓутоа тој вклучил блиц на телефонот и градинарот се свртел со пушката и ја ранил Роуз додека себе се самоубил.
Во последната сцена Крис ја дави Роуз но се откажува кога ќе види дека се приближува полициска кола во која доаѓа неговиот пријател Род. Роуз умира.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Даниел Калуја како Крис Вашингтон
- Заиланд Адамс како Крис на 11 години
- Алисон Вилијамс како Роуз Армитаж
- Катерин Кинер како Миси Армитаж
- Бредли Витфорд како Дин Армитаж
- Кејлеб Ландри Џонс како Џереми Армитаж
- Стивен Рут како Џим Хадсон
- Лакит Стенфилд како Андре Хејворт / Логан Кинг
- Лил Рел Хауери како Род Вилијамс
- Ерика Алксандер како Детектив Латоја
- Маркус Хендерсон како Волтер / Роман Армитаж
- Бети Габриел како Џорџина / Маријен Армитаж
- Ричард Херд како Роман Армитаж
Прием
[уреди | уреди извор]Заработка
[уреди | уреди извор]Бегај остварил заработка од 175,5 милиони долари во САД и Канада и 78,8 милиони долари во другите територии за вкупна заработка од 254,3 милиони долари, наспроти буџетот од 4,5 милиони долари.[1]
Во Северна Америка, Бегај бил издаден на 24 февруари 2017 година, заедно со филмовите Автопат на смртта и Рок куче, и се очекувало да заработи 20–25 милиони долари од 2,773 кина во првиот викенд на прикажување.[2] Во првиот ден на прикажување, филмот заработил 10,8 милиони долари. Филмот викендот го затворил со заработка од 33,4 милиони долари, завршувајќи на првото место по големина на заработка. 38% од гледачите во првиот викенд на прикажување биле Афроамериканци, додека 35% биле белци.[3] Во вториот викенд на прикажување, филмот завршил на второто место по големина на заработка, зад Логан, заработувајќи 28,3 милиони долари, пад од 15,4%. Гледаноста на хорор филмовите има тенденција да опадне за 60% во нивниот втор викенд на прикажување, што значи дека Бегај бил над просекот. Во третиот викенд на прикажување, филмот заработил 21,1 милиони долари, опаѓајќи само 25% од претходаната недела, и завршил на третото место по големина на заработка зад новиот филм Конг: Островот на черепите и Логан.[4]
Во март 2017 година, три недели откако бил издаден, Бегај ја преминал границата од заработени 100 милиони долари на домашно тло, правејќи го Пил првиот сценарист-режисер црнец на кој тоа му успеало со својот премиерен филм.[5] На 8 април 2017 година, Бегај станал најпрофитабилен филм на домашно тло режиран од страна на црнец, победувајќи го филмот Право од Комптон, режиран од Феликс Гери Греј, кој заработил 162,8 милиони долари во 2015 година. Греј го вратил рекордот во свои раце две недели подоцна кога неговиот филм Брзи и бесни 8 заработил 173,3 милиони долари на својот 14. ден на прикажување на 27 април.[6] Во домашни рамки, Бегај исто така е филм со највисока заработувачка на деби режисер заснован на оригинално сценарио во историјата на Холивуд, надминувајќи го дводеценискиот рекорд на хорор филмот Вештерката од Блер (140,5 милиони долари).[5]
Критики
[уреди | уреди извор]На агрегаторот за рецензии Rotten Tomatoes, филмот има потврден рејтинг од 99% врз основа на 298 рецензии и просечна оцена од 8,3/10. Критичкиот консензус на мрежното место гласи, „Смешен, страшен и провокативен, Бегај беспрекорно ги бранува општествените критики во брилијантно делотворно и возбудливо хорор-комично возење.“[7] Тоа е еден од десетте филмови кои добиле потврден рејтинг од 99% (шест други филмови) или 100% (три филмови) со 100 или повеќе рецензии (филмот имал рејтинг од 100% по првите 139 рецензии).[8][9] На мрежното место филмот исто така бил највисоко оценуван филм кој бил нашироко издаден во 2017 година.[10] На Metacritic, филмот има пондериран просечен рејтинг од 84 од можни 100, врз основа на 48 критички осврти, што укажува на "универзално признание".[11] Публиката анкетирана од страна на CinemaScore му дала на филмот просечна оценка од „5–“ на скала од 1 до 5 .
Ричард Роупер го оценил филмот со 3½ ѕвезди, кажувајќи: „вистинска ѕвезда на филмот е сценаристот и режисер Џордан Пил, кој создаде дело кое упатува на безбројни нивоа на расизам, оддава почит на некои одлични хорор филмови, создава свој сопствен креативен пат, има карактеристичен визуелен стил — и исто така е безрезервно смешно.“[12] Мајк Ружо од IGN го оценил филмот со 9/10, и напишал, "Целото патешествие низ Бегај, секој напнат разговор, шега и грозоморен чин на насилство се целосно на место. И завршетокот е вреден на секоe непријатно кикотење и момент на сомневање"[13] Питер Траверс од Rolling Stone го оценил филмот со 3.5/4, и го нарекол „вчудовидувачкo хорор шоу проткаено со расна тензија и зајадлива сатирична духовитост.“[14] Скот Менделсон од Форбс изјавил дека филмот го доловува духот на времето и го нарекол „модерен американски хорор класик.“[15]
Филмскиот критичар Армонд Вајт дал негативна рецензија на филмот, пишувајќи „Во Бегај, исто како што направи и Обама, Пил ја користи расната неудобност, неодговорно манипулирајќи со расистичкиот грев и расистичката утеха, подложувајќи имагинација и идентификација со политичката власт.“[16]
Некои критичари сметаат дека некои замисли во Бегај, особено, продолжувањето на животот на луѓето со пренесување на нивната свест во друго тело, е слично како во филмот Да се биде Џон Малкович на Спајк Џоунз и за Бегај велат дека е тајно продолжение на тој филм. Пил во интервју за списанието Vanity Fair изјавил дека во моментот кога тој разговарал со Спајк Џоунз за таа теорија, филмот не бил замислен како продолжение на било кој начин, но сега кога теоријата е разработена, тој изјавил „според мене вистина е“ дека е продолжение.[17]"
Награди
[уреди | уреди извор]На 75. доделување на наградите Златен глобус, Бегај добил номинации во две категории: најдобар филм – мјузикл или комедија и најдобар глумец – мјузикл или комедија за Даниел Калуја.[18] Филмот исто така добил номинации на 24. доделување на наградите на здружението на филмски глумци,[19] 49. доделување на наградите на здружението за напредок на обоените луѓе,[20] 23. доделување на наградите на филмските критичари и 71. доделување на наградите БАФТА.[21] Филмот се здобил со наградата најдобар странски независен филм на британските независни филмски награди.[22] На 90. доделување на наградите Оскар, филмот добил номинации во категориите најдобар филм, најдобар режисер и најдобар глумец (за Калуја) и бил награден со Оскар за најдобро оригинално сценарио.
Можно продолжение
[уреди | уреди извор]Во интервју за The Playlist, Пил изјавил дека има идеи за продолжение на Бегај и е подоготвен да го сработи.[23]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Get Out (2017)“. Box Office Mojo. Посетено на October 29, 2017.
- ↑ „Audiences Plan To Get Into 'Get Out' – Weekend B.O. Preview“. Deadline.com. Посетено на February 22, 2017.
- ↑ „Universal/Blumhouse's 'Get Out' Now Grabbing A $30M Opening“. Deadline.com. Посетено на February 27, 2017.
- ↑ {{Наведена мрежна страница|url=http://deadline.com/2017/03/kong-skull-island-beating-box-office-projections-logan-get-out-1202041809/|title=‘Kong’ Beats His Chest On Saturday: Weekend Opening Now At $61M – Sunday AM Update|author=Anthony D'Alessandro|publisher=[[Deadline.com|date=March 12, 2017|accessdate=March 12, 2017}}
- ↑ 5,0 5,1 David Renshaw (April 4, 2017). „Get Out Is Now The Highest Grossing Debut Film Based On An Original Screenplay In History“. TheFader.com. Посетено на April 23, 2017.
- ↑ Sergio Mims (April 11, 2017). „'Get Out' Is Now the Highest Grossing Film Domestically by a Black Director (But Not for Long)“. ShadowAndAct.com. Архивирано од изворникот на 2017-04-24. Посетено на April 23, 2017.
- ↑ „Get Out (2017)“. Rotten Tomatoes. Fandango. Посетено на November 8, 2017.
- ↑ „Top 100 Movies of All Time“. Rotten Tomatoes. Fandango. Посетено на March 13, 2017.
- ↑ „Get Out Is a Horror Hit & Still Has 100% on Rotten Tomatoes“. MovieWeb. Посетено на February 27, 2017.
- ↑ „Top 100 Movies of 2017 - Rotten Tomatoes“. Rotten Tomatoes. January 3, 2018. Посетено на January 3, 2018.
- ↑ „Get Out reviews“. Metacritic. Посетено на February 23, 2017.
- ↑ „'Get Out' earns its laughs while honoring horror traditions“. Chicago Sun-Times. Посетено на February 23, 2017.
- ↑ Rougeau, Mike (22 February 2017). „Get Out Review“. IGN. Посетено на 25 February 2017.
- ↑ Travers, Peter (22 February 2017). „Get Out Review: Scares Meet Racially Charged Satire in Instant Horror Classic“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2017-02-24. Посетено на 25 February 2017.
- ↑ "Review: Jordan Peele's 'Get Out' Is a New Horror Classic" Forbes, February 27, 2017
- ↑ Jordan Peele's Get Out a Trite Get-Whitey Movie National Review, February 24, 2017
- ↑ Jordan Peele Breaks Down "Get Out" Fan Theories from Reddit. Vanity Fair. December 1, 2017. https://www.youtube.com/watch?v=hBvcngHRTFg. Retrieved December 4, 2017.
- ↑ The Hollywood Reporter Editors (December 11, 2017). „Golden Globes: 'Shape of Water,' 'Big Little Lies' Top Nominations“. The Hollywood Reporter. Посетено на December 11, 2017.
- ↑ Vanity Fair Editors (December 13, 2017). „2018 SAG Awards Nominations: See the Full List“. Vanity Fair. Посетено на December 13, 2017.
- ↑ The Hollywood Reporter Editors (November 20, 2017). „NAACP Image Awards: 'Marshall,' 'Get Out,' 'Girls Trip' Dominate Film Nominations“. The Hollywood Reporter. Посетено на December 9, 2017.
- ↑ Hammond, Pete (December 6, 2017). „Critics' Choice Awards Nominations: 'The Shape Of Water' Leads With 14; Netflix Tops TV Contenders“. Deadline.com. Посетено на December 9, 2017.
- ↑ Tartaglione, Nancy (November 1, 2017). „'Lady Macbeth' Leads British Independent Film Awards Nominations – Full List“. Deadline.com. Посетено на December 9, 2017.
- ↑ „Jordan Peele already has an idea where a Get Out 2 could go“. Joblo.com. Посетено на October 9, 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Get Out на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Get Out на Box Office Mojo
- Get Out на Metacritic