Баварски јазик
Баварски | |
---|---|
Австрискобаварски Boarisch | |
Знак за паркирање во Минхен | |
Изговор | Баварски: [ˈbɔɑrɪʃ] |
Застапен во | Австрија, Баварија, и Јужен Тирол |
Народ | Австријци Баварци Јужнотиролци |
Говорници | 14 (2016)e18 |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | bar |
Обем на баварскиот јазик | |
| |
Баварски (германски: Bairisch, бајриш; баварски: Boarisch, боариш) или наизменично австрискобаварски, ― западногермански јазик,[1] дел од горногерманското семејство, заедно со алеманскиот и источнофранконскиот.
Баварскиот јазик го зборуваат приближно 12 милиони луѓе на површина од околу 125.000 км2, што го прави најголемиот од сите германски јазици. Може да се најде во германската покраина Баварија (особено Стара Баварија), поголемиот дел од Република Австрија (со исклучок на Предарлска) и италијанскиот регион Јужен Тирол.[2] Во 2008 година, 45 отсто од Баварците тврделе дека користат јазикот во секојдневното општење.[3] Пред 1945 година, баварскиот исто така бил распространет во делови од јужна Чешка и западна Унгарија.[4]
Разликата помеѓу баварскиот и стандардниот високогермански е поголема од разликата помеѓу данскиот и норвешкиот или меѓу чешкиот и словачкиот;[2] како таков, постои несогласување во однос на неговата класификација. Меѓународната организација за стандардизација го класифицира како посебен јазик, доделувајќи му единствен јазичен код ISO 639-3 (лента).[1] Се наоѓа на списокот на УНЕСКО во Атласот на загрозени јазици од 2009 година.
Потекло
[уреди | уреди извор]Историја и етимологија
[уреди | уреди извор]Зборот баварски е изведен од името на луѓето кои ја населиле Баварија заедно со нивниот племенски дијалект. Потеклото на зборот е спорно. Најчестата теорија го следи зборот до бајоварјоз, што значи „жители на земјата Бојер“. Потоа, зборот Бојер (латински: Boii, германски: Boier, Бојер) настанало како име за поранешните келтски жители на областа - Боите, при што името преминало на мешаното население од Келти, Римјани и последователни бранови на германски пристигнувања во текот на раниот средновековен период.[5]
Месното население на крајот го образило Војводството Баварија, образувајќи го југоисточниот дел на Кралството Германија. Старогорногерманските документи од областа на Баварија се идентификувани како алтбајриш („старобаварски“), иако на овој ран датум имало неколку особени одлики што би го поделиле од алеманскиот јазик.
Дијалектното раздвојување на горногерманскиот кон источногорногерманскиот (баварски) и западногорногерманскиот (алемански) станало поопипливо во средногорногерманскиот период, од околу 12 век.
Географска распространетост и дијалекти
[уреди | уреди извор]- Во Европа:
- Во Германија јазикот е зборуван во Горна Баварија, Долна Баварија и во окрузите Горен Пфалц во Баварија. Зборуван е и во јужен Фогтланд, во Саксонија;
- Во Австрија, освен Предарлска и Ројте;
- Во Италија во Јужен Тирол и неколку јазични енклави кај Кимбрите и Карниците во Северна Италија;
- Во Швајцарија е зборуван во селото Замнаун, во Граубинден;
- Во Шопрон (Унгарија) и околината.
- Надвор од Европа:
- Во Трези Тилијас, Бразил
- Во Позузо, Перу
- Во Соединетите Држави и Канада
Три главни дијалекти на баварскиот јазик се:
- Севернобаварски, главно е зборуван во Горен Пфалц, но исто така и во соседните области (мали делови на Горна Франконија (Вунзидел (округ) и Бајројт (округ)), Саксонија (јужен Фогтланд), Средна Франконија, Горна Баварија и Долна Баварија).
- Среднобаварски долж главните реки Изар и Дунав, што е зборуван во Горна Баварија (вклучувајќи го и Минхен, кој има стандардно мнозинство од германско говорно подрачје), Долна Баварија, јужен Горен Пфалц, швапската област Ајхах-Фридберг, северните делови на сојузната држава Салцбург, Горна Австрија, Долна Австрија, Виена (види виенски германски) и северен Градиште.
- Јужнобаварски во Замнаун, Тирол, Јужен Тирол, Корушка, Штаерска и јужните делови на Салцбург и Градиште.
Разликите се јасно забележливи во тие три подгрупи, кои во Австрија често се совпаѓаат со границите на одредени држави. На пример, секој од нагласоците на Корушка, Штаерска и Тирол може лесно да се препознае. Исто така, постои забележлива разлика помеѓу источниот и западниот среднобаварски, што приближно се совпаѓа со границата помеѓу Австрија и Баварија. Покрај тоа, виенскиот дијалект има некои одлики што го разликуваат од сите други дијалекти. Во Виена, мали, но препознатливи варијации се карактеристични за различни области на градот.
Пред протерувањето на Германците од Чехословачка, јазичната граница на баварскиот со чешкиот била на оддалечената страна на Шумава, а нејзината бохемиска предина била со баварско говорно подрачје.
Употреба
[уреди | уреди извор]На интернет
[уреди | уреди извор]Постои Википедија на баварски јазик . Исто така, службената мрежна страница на ФК Баерн Минхен била достапна на баварски.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „bar | ISO 639-3“. iso639-3.sil.org. Посетено на 1 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Rowley (2011), p. 300; Friends of the Bavarian Language and Dialects Association. (уред.). „Bairische Sprache, Dialekte und Mundarten“. fbsd.de (германски). Архивирано од изворникот на 2017-02-27. Посетено на 2022-12-01.
- ↑ Rowley, Anthony R. (2011). „Bavarian: Successful Dialect or Failed Language?“. Handbook of language and ethnic identity, 2 : the success-failure continuum in language and ethnic identity efforts. Joshua A. Fishman, Ofelia García. Oxford: Oxford University Press. стр. 209–308. ISBN 978-0-19-983799-1. OCLC 721195501.
- ↑ „Bavarian“. Ethnologue. Посетено на 1 декември 2022.
- ↑ Hasenfratz, Hans-Peter (2011). Barbarian Rites: The Spiritual World of the Vikings and the Germanic Tribes. Simon and Schuster. ISBN 978-1863774218.
- ↑ „Home - FC Bayern München“. 11 октомври 2021. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2021. Посетено на 1 декември 2022.
Дополнителна книжевност
[уреди | уреди извор]- Речници
- Шмелер, Јохан Андреас; уредено од Фромман, Георг Карл (1872 & 1877). Bayerisches Wörterbuch . 2. ед. во 2 том., Рудолф Олденбург, Минхен
- 978-3-86646-307-3Hietsch, Otto (2015), Wörterbuch Bairisch-Englisch, Von Apfelbutzen bis Zwickerbusserl, Regenstauf: SüdOst Verlag, ISBN 978-3-86646-307-3
- Филологија
- Schikowski, Robert (2009), Die Phonologie des Westmittelbairischen
- Traunmüller, Hartmut (1982), Der Vokalismus Im Ostmittelbairischen, стр. 289–333
- Wiesinger, Peter (1990), The Dialects of Modern German: A Linguistic Survey, стр. 438–519
- Egon Kühebacher (1965–1971). Tirolischer Sprachatlas. 3 Vol.: Vokalismus, Konsonantismus, Sprachatlas. (= Deutscher Sprachatlas. Regionale Sprachatlanten. Hg. von Ludwig Erich Schmitt, Karl Kurt Klein, Reiner Hildebrandt, Kurt Rein. Bde. 3/1–3). Marburg: N. G. Elwert Verlag.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Баварски јазик на Ризницата ?
- Баварска Википедија: Википедија:Boarische Umschrift, Boarische Dialekte im Vagleich
|
|