Ајлук (маршалски: Aelok[1]) е корален атол во Маршалските Острови. Атолот е дел од Ратачките Острови и е составен од 57 мали островчиња. Атолот се наоѓа околу 72 км северно од Вотје и има вкупна површина од 5.4 км2. Атолот има лагуна која има вкупна површина од 177.45 км2. Главните островчиња се: Аџелеп, Алиеџ, Ајлук, Алкилве, Бароркан, Бикен, Енеџаброк, Енеџелар, Капен и Мариб. Поголем број од островите се на источниот дел од атолот. Западниот дел е воглавно составен од корален гребен. Лагуната има три главни влеза: Ерапу, Марок и Ененеман. Според податоците од 1999 година, на атолот живееле 513 жители.[2]
Германија во 1884 година тврдела дека атолот е под нивна контрола. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна по американска контрола. По независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.