Афел
Афел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најдалеку од својот орбитален фокус. Поимот со спротивно значење кој ја претставува точката каде што објектот е најблиску до својот орбитален фокус се нарекува „перихел“.
Според Првиот кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем имаат приближно[а] елиптични орбиити околу Сонцето.[1] Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објекот околку кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплеснатоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Поимот „афел“ потекнува од старогрчките зборови ἀπ(ό) (апо), со значење „далеку“, и Ἥλιος (хелиос), со значење „Сонце“.
Основни формули
[уреди | уреди извор]Полупречникот на перифелот се пресметува со помош на формулата:
- ,
каде:
- a — голема полуоска; и
- е — орбитално занесување.
Брзината во перихелот се пресметува со формулата:
- ,
каде:
- G — гравитациска константа;
- М — Сончева маса;
- a — голема полуоска; и
- е — орбиитално занесување.
Сончев Систем
[уреди | уреди извор]Земја
[уреди | уреди извор]Афелот на Земја се случува на растојание од 152.098.233 км од Сонцето. Земјата се наоѓа во афел во периодот од 3-7 јули[2]
Други планети
[уреди | уреди извор]Перихелот н останатите планети во Сончевиот Систем согласно информациите на НАСА се случува на следните растојанија:[3]
- Меркур — 69.817.445 км;
- Венера — 108.942.780 км;
- Марс — 249.232.432 км;
- Јупитер — 816.001.807 км;
- Сатурн — 1.503.509.229 км;
- Уран — 3.006.318.143 км; и
- Нептун — 4.537.039.826 км.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- а Се вели дека орбитата на астрономскиот објект е „приближно“ елиптична, затоа што орбиталното движење не завршува онаму каде што започнало поради прецесија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Introductory Astronomy: Ellipses“. Washington State University.
- ↑ „Датуми на рамноденица, сонцестој, перихел и афел на Земјата во периодот 2000—2020“. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 2017-01-28.
- ↑ „Solar System Exploration: Planets: Comparison Chart“. Архивирано од изворникот на 2015-01-14. Посетено на 2017-01-28.