Прејди на содржината

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан
Ракоположен1999
Службата завршилаво служба
ПретходникМихаил
Лични податоци
Роден1 мај 1955(1955-05-01)(69 г.) во Добрушево, НР Македонија, ФНРЈ
Други папи наречени Стефан

Неговото Блаженство Господин Господин Стефан (р. 1 мај 1955) — поглавар на Македонската православна црква. Неговата полна титула е Митрополит Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден како Стојан Вељановски во с. Добрушево, Битолско. Во 1969 г. се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Светиот Архиерејски Синод на Македонската Првославна Црква го назначил за учител во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 г. се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари, Италија кој се специјализира во патријаршиски и Византиски студии. Во 1982 г. дипломира на институтот.

Кога тој се вратил во Македонија станал професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986 г. а на 12 јули бил именуван за Митрополит Струмички, а кратко потоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија.

Во наредните години тој работел како декан на Богословскиот факултет во Скопје, портпарол на Светиот архијерејски синод, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски.

Во Охрид од 9-10 октомври 1999 г. на црковно-народниот собир (составен од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската православна црква.

Во 2019 година, по повод јубилеите на г.г. Стефан: 20 години поглавар на Македонска православна црква и 33 години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората, беа издадени неговите проповеди „Слово за словото“, во пет тома.

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Слово за словата - том 1 (Скопје, 2019)

Слово за словата - том 2 (Скопје, 2019)

Слово за словата - том 3 (Скопје, 2020)

Слово за словата - том 4 (Скопје, 2020)

Слово за словата - том 5 (Скопје, 2020)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Претходник
Михаил
Архиепископ Охридски и Македонски
1999 -
Наследник
актуелен