Прејди на содржината

Аристид Бријант

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аристид Бријант
Роден/аАристид Бријант
6 мај 1851
Кортне, Франција
Починат/а10 февруари 1925
Париз, Франција
ПочивалиштеSaint-Sauveur-le-Vicomte
Занимањеписател, поет
НационалностФранцузин

Аристид Бријант (француски: Aristide Bruant, роден на 6 мај 1851 - починал на 10 февруари 1925 во Париз) — француски писател, поет и песнописец, една од легендите на францускиот шансон. Тој е еден од најзначајните поети на жаргонот аргот на крајот на 19 век и почетокот на XX век, основач на жанрот „реална песна“[1][2][3]. Тој оставил трајни траги и во современиот француски шансон во кој зборовите имаат суштинско значење. Аристид Бријант е насликан од Анри де Тулуз-Лотрек на постер со црвен шал и црн капут.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Аристид Бријант е роден во буржоаско семејство. Како брилијантен студент, тој ја добил првата награда по латински, старогрчки, историја и музика. Во 1862 година ја напишал првата песна.

Татко му, зависник од алкохол, не успеал да ја плати последната година од неговото школување, па така тој станал чирак, а подоцна и занаетчија- златар. Изработувал накит од злато и сребро и накит со украсни камења.

Тој го научил жаргонот аргон по ресторани и кафулиња за посиромашните слоеви каде ги слушал исповедите на пијаниците, бунтовниците, и лошите момчиња. Започнал да се интересира од нивниот јазик и го барал потеклото на жаргонот до Франсоа Вијон, изучувајќи речници од градската библиотека. Пред да започне да пишува рефрен со зборови од аргот, тој пишувал нежни романси. Така, тој бил забележан од еден пејач кој го советувал да се појави на пејачки конкурс каде постигнал огромен успех. На тој начин, по успехот тој јавно започнал да ги изведува своите песни по кафулиња и ресторани.

Во 1885 година отворил свое кафуле под името „Мирлитон“. Првата вечер посетителите се само неколку на број, но неговиот невообичаен стил започнал многу да биде популарен и неговите настапи преку песните каде тој ги опевал убавините и маките на измамниците довеле тој да привлече многу посетители. Неговиот брилијантен репертоар бил популарен како што биле популарни и делата на Емил Зола, Пол Адам, браќа Гонкур и други.

Во 1898 година тој се кандидирал на локалните избори во парискиот кварт Белвил со слогани како: „Кандидат на народот“, „Сите непријатели на капиталистичките феудалци ќе гласаат за хуманиот“ и слично. И покрај бројните предизборни собири тој добил само 525 гласа.

  1. Conway, Kelly (2004). Chanteuse in the City: The Realist Singer in French Film. University of California Press. p. 6. ISBN 0-520-24407-9
  2. Moore Whiting, Steven (1999). Satie the Bohemian: From Cabaret to Concert Hall, Oxford University Press. p. 20. ISBN 0-19-816458-0
  3. Robb, David (2007). Protest Song in East and West Germany Since the 1960s, Boydell & Brewer. p. 36. ISBN 1-57113-281-3.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]