Амјенски договор
Амјенскиот мировен договор (француски : la paix d'Amiens) бил мировен договор потпишан на 25 март 1802 година во францускиот град Амјен и со него привремено се ставил крај на непријателствата меѓу Франција и Обединетото Кралство. Договорот под името „Дефинитивен договор за мир“ го потпишале Жозеф Бонапарт и маркизот Корнволис. Овој договор го означува крајот на Војната на Втората коалиција и на Француските револуционерни војни.
Мирот по потпишувањето на овој договор траел една година (до 18 мај 1803 година) и бил единствениот период на општ мир во Европа во периодот од 1793 до 1814 година. Прекршувањето на Амјенскиот договор го означува стартот на Наполеоновите војни..
Според договорот, Британија ја признала Француската Република. Исто така Британија се откажала од повеќето неодамнешни освојувања; Франција требало да се повлече од Неапол и Египет. Британија ги задржала Цејлон (Шри Ланка) и Тринидад.
Услови
[уреди | уреди извор]Договорот, покрај потврдување на „мирот, пријателството и доброто разбирање“, ги задолжувал договорните страни со следново:
- Ослободување на затвореници и заложници.
- Британија да ја врати колонијата Кејп на Република Батавија.
- Велика Британија да го врати поголемиот дел од освоената Холандска Гвајана на Република Батавија.
- Британија да ги повлече своите сили од Египет.
- Шпанија се согласува Британија да го преземе владеењето со Тринидад [1]
- Република Батавија да ѝ го отстапи Цејлон (претходно под контрола на Обединетите Провинции и Холандската источноиндиска компанија) на Британија.[2]
- Франција да ги повлече своите сили од Папските држави и Кралството Неапол.
- Дефинирање на границите на Француска Гвајана.
- Малта, Гозо и Комино да бидат вратени на Хоспиталците и да бидат прогласени за неутрални.
- Гибралтар да остане под британска власт.
- Менорка да ѝ биде вратена на Шпанија.
- Да ѝ се надомести на Орање-Насау династијата за загубите во Холандија.
- Од земјите потписнички била призната Септинсуларната Република.
Два дена по потпишувањето на договорот, сите четири страни потпишале дополнување, кое наведувало дека некористењето на јазиците на сите земји потписнички (договорот бил објавен на англиски и француски) не е штетно и на него не треба да се гледа како на преседан. Исто така, се наведувало дека изоставувањето на титули на поединци било ненамерно и без намера за предрасуди. Холандските и француските претставници потпишале засебна конвенција, која појаснува дека Република Батавија нема финансиски да биде одговорна за надоместокот исплатен на Орање-Насау династијата.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Blok, Petrus Johannes (1912). History of the People of the Netherlands. New York and London: G. P. Putnam's. стр. 341. OCLC 1721795.
- Bryant, Sir Arthur (1942). The Years of Endurance 1793–1802.
- Burke, Edmund, уред. (1803). Annual Register, Volume 44. London: Longman and Greens. OCLC 191704722.
- Dorman, Robert Marcus Phipps (1902). A history of the British empire in the nineteenth century, Volume 1. London: Kegan, Paul, Trench, and Trüber. стр. 281. OCLC 633662790.
- Dwyer, Philip. Citizen Emperor: Napoleon in Power (2013)
- Emsley, Clive. Napoleonic Europe (Routledge, 2014)
- Esdaile, Charles J. Napoleon's Wars: And International History: 1803 – 1815 (2007) pp 110–53
- Grainger, John D. The Amiens Truce: Britain and Bonaparte, 1801-1803 (2004). online review
- Hume, Mark Andrew Sharp (1900). Modern Spain 1788–1898. New York: G. P. Putnam's. стр. 62. OCLC 2946787.
- Kagan, Frederick W (2006). The End of the Old Order: Napoleon and Europe 1801–1805 (paperback. изд.). Cambridge, MA: Da Capo Press. стр. 11–50. ISBN 0-306-81137-5.
- Lokke, Carl Ludwig. "Secret Negotions to Maintain the Peace of Amiens." American Historical Review 49.1 (1943): 55-64. online
- Pocock, Tom (2005). The Terror Before Trafalgar: Nelson, Napoleon, And The Secret War. Annapolis, MD: Naval Institute Press. ISBN 978-1-59114-681-0. OCLC 56419314.
- Schneid, Frederick C (2005). Napoleon's Conquest of Europe: the War of the Third Coalition. Westport, CT: Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0-275-98096-2. OCLC 57134421.
- Schroeder, Paul W. The transformation of European politics, 1763-1848 (Oxford: Clarendon Press, 1994)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Годишниот регистар на Кобет 1803 содржи голем дел од кореспонденцијата, која главно вклучува француски или британски учесници
- Годишниот регистар на Кобет 1802 го содржи текстот на договорот
- Британските посетители на Наполеон содржат извештаи за британските посети на Франција за време на интермедијата
- Дела поврзани со Treaty of Amiens на Викиизвор</img>
- Податотеки поврзани со Амјенски договор на Ризницата</img>
|