Прејди на содржината

Алжирска војна за независност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алжирска војна за независност
الثورة الجزائرية
Tagrawla Tadzayrit
Guerre d'Algérie
Место Алжир
Исход
  • Алжир добил независност
Територијални
промени
Алжир
Завојувани страни
ФНО
АНД
КПА
 Франција Франција ФАФ
(1960–61)
ОТВ
(1961–62)
Сила
300,000 40,000 цивилна поддршка 470,000 (максимална бројка од 1956 до 1962)[1]
1.5 милиони мобилизирани[2]
90,000 Харки
3,000
Жртви и загуби
*141,000-152,863 убиени војници на ФНО [3][4] вклучувајќи 12,000 внатрешни жртви[5]
  • Непознат број на повредени[6]
*25,600 мртви[7] 100 мртви
2,000 заробени

Алжирска војна за независност или Алжирска револуција (арапски: الثورة الجزائرية;, берберски: Tagrawla Tadzayrit, француски: Guerre d'Algérie or Révolution algérienne) — војна меѓу Франција и Алжирскиот народноослободителен фронт која траела во периодот од 1954 до 1962 година и завршила со добивање на независност на Алжир. Конфликтот во суштина се одликувал со герилска војна и употреба на тортура од двете страни. Конфликтот, исто така прераснал и во граѓанска војна меѓу лојалните Алжирци кои го поддржувале Француски Алжир и нивните алжирски националистички колеги[10].

Конфликтот започнал делотворно од страна на членовите на Народноослободителниот фронт (ФЛН) на 1 ноември 1954 година, за време на празникот „Ден на сите светци“. Самиот конфликт ги разнишал темелите на слабата и нестабилна Четврта Француска Република (1946-58) и довел до основање на Петта Француска Република со претседателство и со Шарл де Гол како претседател. Иако француските воени походи во голема мера ги ослабувале воените позиции на фронтот преку апсење или убивање на нивните најистакнати водачи, бруталноста на методите што ги користеле француските сили не успеале да ги освојат срцата на домашната јавност[11][12].

По големите демонстрации во Алжир и неколку поголеми градови во корист на независноста од крајот на 1960 година[13][14] и резолуцијата на ОН за признавање на правото на независност[15], Де Гол одлучил да отвори серија преговори со Народноослободителниот фронт, кој завршил со потпишувањето на Евијанскиот договор во март 1962 година. Референдумот се одржал на 8 април 1962 година, а францускиот електорат го одобрил самиот договор. Конечниот резултат бил 91% во корист на ратификацијата на овој договор[16] и на 1 јули, спогодбите биле предмет на втор референдум во Алжир, каде што со 99,72% гласале за независност и само 0,28% против[17].

Планираното повлекување на Франција довело до државна криза, на различни обиди за атентати врз Де Гол, како и на некои обиди за воени удари. Повеќето од првите биле спроведени од страна на т.н. Организација на тајната војска, подземна организација формирана главно од француски воен персонал кој го поддржувала Француски Алжир и која извршила голем број бомбашки напади и убиства во Алжир и во татковината за да се запре планираната независност.

По независноста, во 1962 година, 900.000 европски Алжирци побегнале во Франција, стравувајќи од одмаздата на ФНО, во рок од само неколку месеци. Француската влада била целосно неподготвена за огромниот број бегалци, што предизвикало превирања во Франција. Мнозинството алжирски муслимани кои работеле за Французите биле разоружани и оставени на страна, бидејќи договорот меѓу француските и алжирските власти гласел дека не може да се преземат никакви дејства против нив[18]. Меѓутоа, особено Харките, кои служеле како помошници во француската војска, се сметале за предавници од ФНО, а помеѓу 50.000 и 150.000 Харки и членовите на нивните семејства биле убиени од ФНО, често откако биле киднапирани и измачувани. Околу 91.000 луѓе успеале да побегнат во Франција, некои со помош од нивните француски офицери кои постапувале против наредбите.

  1. Martin Windrow, The Algerian War 1954–62. p. 17
  2. http://www.lefigaro.fr/mon-figaro/2012/03/19/10001-20120319ARTFIG00743-algerie-une-guerre-d-appeles.php
  3. [1] Архивирано на 25 ноември 2014 г. Page 6 "The Algerian Ministry of War Veterans gives the figure of 152,863 FLN killed"
  4. [2] Архивирано на 7 ноември 2016 г. "The Algerian Ministry of War Veterans calculates 152,863 Front de Libération Nationale (FLN) deaths, and although the death toll among Algerian civilians may never be accurately known estimate of 1500000 to 2000000 were killed Page 576
  5. A Savage War of Peace: Algeria 1954-1962 - Alistair Horne - P358 (4,300 Algerian from the FLN and MNA killed in metropolitan France)
  6. Encyclopedia of Middle East Wars, The: The United States in the Persian Gulf - by Spencer C. Tucker p 83 [3]
  7. Stapleton, T.J. (2013). A Military History of Africa [3 volumes]. ABC-CLIO. стр. 1–272. ISBN 9780313395703. Посетено на 2017-01-13.
  8. Encyclopedia of Violence, Peace and Conflict: Po - Z, index. 3. Academic Press. 1999. стр. 86. ISBN 9780122270109. Посетено на 2017-01-13.
  9. Crandall, R. (2014). America's Dirty Wars: Irregular Warfare from 1776 to the War on Terror. Cambridge University Press. стр. 184. ISBN 9781139915823. Посетено на 2017-01-13.
  10. Guy Pervillé, Pour une histoire de la guerre d´Algérie, chap. "Une double guerre civile", Picard, 2002, pp.132–139
  11. Keith Brannum, University of North Carolina Asheville, The Victory Without Laurels: The French Military Tragedy in Algeria(1954–1962) [4] Архивирано на 26 октомври 2014 г.
  12. Irwin M. Wall, France, the United States, and the Algerian War, pp, 68-69. [5]
  13. https://books.google.fr/books?hl=fr&id=x_-5XTVKW08C&q=79#v=snippet&q=79&f=false
  14. Pervillé, G. (2012). Les accords d'Evian (1962): Succès ou échec de la réconciliation franco-algérienne (1954-2012). Armand Colin. ISBN 9782200281977. Посетено на 2017-01-13.
  15. „Document officiel des Nations Unies“. un.org. Посетено на 2017-01-13.
  16. „référendum 1962 Algérie“. france-politique.fr. Посетено на 2017-01-13.
  17. „Proclamation des résultats du référendum d'autodétermination du 1er juillet 1962“ (PDF). Journal Officiel de l'État Algérien. 6 July 1962. Посетено на 2009-04-08.
  18. Évian accords, Chapitre II, partie A, article 2