Азиски стршлен
Азиски стршлен | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Vespa |
Вид: | Азиски стршлен |
Научен назив | |
Vespa velutina Lepeletier, 1836 |
Азискиот стршлен, познат и како жолтонозест стршлен (Vespa Velutina), е вид на стршлен кој потекнува од Југоисточна Азија. Се смета за дојден, доселен, вид кај некои други земји.[1]
Изглед
[уреди | уреди извор]Азискиот стршлен е малку помал од европскиот стршлен. Обично, матиците се со должина од 30 мм, а мажјаците околу 24 мм. Работниците имаат должина од околу 20 мм.[2] Видот има карактеристични жолти екстремитети (нозе). Градниот кош е со кафеава или црна боја со кафеав абдомен. Секој абдоминален сегмент има тенка жолта граница, освен четвртиот сегмент, кој е портокал. Главата е црна, а лицето жолто. Регионалните форми се разликуваат во боја што предизвикаат потешкотии при класификацијата, а неколку подвидови се различно идентифицирани или отфрлени. Формата што предизвикува загриженост за нејзиното навлегување во Европа е „Vespa velutina nigrithorax“.[3]
Особености
[уреди | уреди извор]Како и другите стршлени, азискиот стршлен гради гнезда во кои можат да се сместат колонии од неколку илјади единки. Женките во колонијата се вооружени со огромни осила со кои ги бранат своите гнезда и го убиваат својот плен. Гнездото е од хартија, приближно во форма на огромно јајце, обично во должина од најмалку половина метар. За разлика од гнездото на европскиот стршлен, неговиот излез обично е страничен, а не на дното. Сезоната на гнездење е долга, а колонијата обично започнува со градење гнездо во ниска грмушка, потоа напуштање по неколку месеци и брзо градење на ново високо на дрво, евентуално како анти-паразитивна мерка. Следната генерација на млади матици се распрснува кон крајот на есента за хибернација во текот на зимата.[4]
Распространетост
[уреди | уреди извор]Азискиот стршлен потекнува од Југоисточна Азија, особено тропските региони, од Северна Индија, Пакистан, Авганистан, Бутан, Кина, Тајван, Бурма, Тајланд, Лаос, Виетнам, Малезија, Индокина и околните архипелаг.
Како навлезен вид, стршленот се појавил во Франција, Шпанија, Португалија, Јужна Кореја и Јапонија. Се очекуваат дополнителни навлегувања во различни земји, вклучително и голем дел од Европа.[5]
Одредени примероци на стршлен фатени во Македонија покажуваат дека можеби азискиот стршлен се населил и кај нас.[6]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Азиски стршлен, грбен поглед.
-
Азиски стршлен, страничен поглед.
-
Темен азиски стршлен.
-
Гнездо на азиски стршлени, Малезија.
-
Препариран примерок на азиски стршлен
-
Препариран примерок на азиски стршлен
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Tan, K.; Radloff, S. E.; Li, J. J.; Hepburn, H. R.; Yang, M. X.; Zhang, L. J.; Neumann, P. (Jun 2007). „Bee-hawking by the wasp, Vespa velutina, on the honeybees Apis cerana and A. mellifera“. Naturwissenschaften. 94 (6): 469–72. doi:10.1007/s00114-006-0210-2. PMID 17235596.
- ↑ Lee, John X. Q. „Vespa velutina“. vespa-bicolor.net. Архивирано од изворникот 10 February 2018.
- ↑ „Pitcher plant in France eats bee-killing Asian hornets“. BBC News. 10 August 2015. Архивирано од изворникот 6 February 2018.
- ↑ Vespa velutina In: Invasive Species Compendium 2014. Wallingford, UK: CAB International. www.cabi.org/isc
- ↑ Monceau, Karine; Bonnard, Olivier; Thiéry, Denis (2014). „Vespa velutina: a new invasive predator of honeybees in Europe“. Journal of Pest Science. 87 (1): 1–16. doi:10.1007/s10340-013-0537-3.
- ↑ Азиски стршлен и во Македонија
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Vespa velutina на Ризницата ?
- Случаи на азиски стршлен во Велика Британија