Абецедариум (Трубар)
Насловна (прва) страница од првото издание | |
Автор | Примож Трубар |
---|---|
Земја | Свето Римско Царство |
Јазик | словенечки |
Жанр | буквар |
Објавена | 1550 од Петер Френце |
Страници | 8 листа |
Абецедариум (Abecedarium) — заедно со Катехизмус (Катехизам) — прва печатена книга на словенечки јазик.[1] Тоа е книшка од осум листа за помош на луѓето да ја научат азбуката. Протестантскиот реформатор Примож Трубар ја испечатил во 1550 годин во „швабахер“ (готско писмо), и повторно го издал со некои исправки со латинско писмо во 1555 и 1566 година. Подобрена верзија била испечатена од Себастјан Крељ во 1566 година. И двата и Абецедариумот и Катехизмусот се значајни во развојот на словенечкиот јазик.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Иако со децении се претпоставувало дека Катехизмусот бил печатен во Тибинген, ново истражување покажало дека најверојатно бил печатен во 1550 година од Петер Френце во Швебиш Хал.[2]
Современо издание
[уреди | уреди извор]Абецедариумот бил издаден во октомври 2008 година за првпат на модерен словенечки јазик. Ова школско издание ги вклучува текстовите на словенечки од Трубаревото време како и превод на модерен словенечки со забелешки. Слично, Катехизмусот, другата „прва“ словенечка книга, бил издаден во октомври 2009 година. „Беседа за верата“ (Pridiga o veri) од Катехизмусот е достапна на словенечки, англиски, германски и есперанто.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Drake, Miriam A. (2003). Encyclopedia of library and information science. CRC Press. стр. 2080. ISBN 0-8247-2079-2.
- ↑ Ahačič, Kozma (2013). „Nova odkritja o slovenski protestantiki“ [New Discoveries About the Slovene Protestant Literature] (PDF). Slavistična revija (словенечки). 61 (4): 543–555.