Прејди на содржината

Абдул Мемет Салим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Абдул Мемет Салим
Роден 1927
Скопје
Починал 16 април 1945
Врпоље, Хрватска

Абдул Мемет Салим ( 1927 во Скопје16 април 1945 во Врпоље, Хрватска). Македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е 1927 година во Скопје. Основно училиште заврши во родниот град, а потем станал општ работник. Неговиот брат Абдула, загинал како партизан во борбите против окупаторските фашистички сили.

Иако по смртта на својот постар брат останал единец, се вклучил во составот на 7та бригада на 42 македонска ударна дивизија, со која учествувал во борбите за конечното ослободување на Југославија.

Загинал во јуришот при заземањето на Врпоље, на 16 април 1945 година.

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив-Скопје. 1969. стр. 21. На |first= му недостасува |last= (help)