Џуџеста нова
Џуџеста нова или променлива ѕвезда од типот на U Близнаци — еден од неколку вида на катаклизмични променливи ѕвезди кој се остои од близок двоѕвезден систем каде една од составниците е бело џуџе кое насобира материја од неговиот придружник. Џуџестите нови се послаби и се повторуваат почесто отколку класичните нови.[1]
Преглед
[уреди | уреди извор]Првата џуџеста нова е U Близнаци, забележана во 1855 г.; сепак, механизмот останал непознат сè до 1974 г. кога Брајан Ворнер покажал дека новата се должи на зголемувањето на сјајноста на насобирачкиот диск.[2] Тие се слични на класичните нови по тоа што белото џуџе прави повремени избуви, но нивниот механизам е поинаков. Класичните нови настануват со соединување и избув на насобраниот водород на површината од главната ѕвезда. Џуџестите нови се производ на нестабилноста во дискот, кога гасот во него ќе достигне критична температура која предизвикува промена во вискозноста, па со тоа привремено го зголемува масениот тек низ дискот, што го загрева целиот диск, со тоа зголмувајќи ја сјајноста. Преносот на масата од оддавачката ѕвезда е помал од овој зголемне тек во дискот, така што дискот по некое време се спушта под критичната температура и се враќа на постудено и послабо делување.[3][4]
Џуџестите нови се разликуваат од класичните и на други начини; нивната сјајност е помала, и обично се повторуваат во размер од денови до децении.[3] Сјајноста на избувот се накачува сразмерно со зголемената повторливост како и орбиталниот период; поновите истражувања со вселенскиот телескоп „Хабл“ довеле до заклучок дена вторпоспоменатиот сооднос ги прави полезни како стандардни свеќи за мерење на вселенски растојанија.[3][4]
Постојат три поттипа на ѕвезди од типот на U Близнаци (UG):[5]
- поттип на SS Лебед (UGSS), кој ја зголемува сјајноста за 2-6 величини во V за 1–2 дена и се враќа на првичната за неколку дена подоцна.
- поттип на SU Голема Мечка (UGSU), кој има посјајни и подолготрајни избуви супермаксима или „суперизбуви“, покрај вообичаените избуви. Негови подвидови се ѕвездите од типот на ER Голема Мечка и WZ Стрела (UGWZ).[6]
- поттип на Z Жирафа (UGZ), кој привремено запираат на дадена сјајност пред наполно да се засилат.
Покрај големите избуви, неки џуџести нови покажуваат повремени засилувања во сјајноста наречени „супергрпки“. Тие се предизвикани од изобличувања на насобирачкиот диск кога неговото вртење е во резонанција со орбиталниот период на двојката.
-
Светлинска крива на U Близнаци (тип SS Лебед)
-
Светлинска крива на затемнувачката џуџеста нова HT Касиопеја во текот на избув, од која се гледаат затемнувања и супергрпки (тип SU Голема Мечка)
-
Светлинска крива на Z Жирафа (тип Z Жирафа)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Samus, N.N.; Durlevich, O.V. (12 февруари 2009). „GCVS Variability Types and Distribution Statistics of Designated Variable Stars According to their Types of Variability“. Посетено на 8 февруари 2013.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Simonsen, Mike (уред.). „Introduction to CVs“. mindspring.com. Cataclysmic Variable Network. Архивирано од изворникот на 26 февруари 2008. Посетено на 17 април 2006.
- ↑ 4,0 4,1 „Calibrating Dwarf Novae“. Sky & Telescope. септември 2003. стр. 20.
- ↑ Darling, David (1 февруари 2007). „U Geminorum star“. Daviddarling.info. Посетено на 9 февруари 2013.
- ↑ Darling, David (1 февруари 2007). „SU Ursae Majoris star“. Daviddarling.info. Посетено на 9 февруари 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џуџеста нова“ на Ризницата ? |
- „Нов метод за проценка на оддалеченоста на џуџестите нови“. Spaceflight Now. 30 мај 2003. Посетено на 17 април 2006. (англиски)
- „SU Голема Мечка“. Американско здружение на набљудувачи на променливи ѕвезди.
- „Аматерските астрономи и џуџестите нови“ (PDF). Европска јужна опсерваторија. (англиски)
- „Краток преглед на активности (список на неодамна утврдени избуви на џуџести нови)“. Мрежа за катаклизмични променливи – преку Гугл. (англиски)
|