Прејди на содржината

Џо Кол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Англија Џо Кол
Лични податоци
Роден на 8 ноември 1981(1981-11-08)(43 г.)
Роден во Лондон, Англија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Тампа Беј Роудајс Тампа Беј Роудајс
Број 26
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998-2003 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 126 (10)
2003-2010 Челси Челси 184 (28)
2010-2013 Ливерпул Ливерпул 26 (3)
2011-2012Лил Лил 15 (3)
2013-2014 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 31 (5)
2014-2015 Астон Вила Астон Вила 31 (5)
2015-2016 Ковентри Ковентри Сити 22 (2)
2016-2018 Тампа Беј Роудајс Тампа Беј Роудајс 82 (20)
Репрезентација
2001-2010 Англија Англија 56 (10)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Џозеф Џон „Џо“ Кол (англиски: Joseph John "Joe" Cole) (роден на 8 септември 1981) — англиски пензиониран фудбалер, играч од средниот ред кој настапувал за тимови од Англија, Франиција и како последен тим Тампа Беј Роудајс од САД. Кол ја започна својата кариера во Вест Хем Јунајтед, каде што, по влегувањето во првиот тим во јануари 1999 година, одигра повеќе од 120 натпревари во текот на пет сезони. Тој беше еден од големиот број на играчи кој го напушти Вест Хем во текот на летото 2003 година, откако клубот испадна во Чемпионшип лигата, па поради тоа Кол потпиша за Челси. Тој помина седум сезони во Челси, играјќи повеќе од 280 натпревари во сите натпреварувања и освои десет трофеи, вклучувајќи и три титули во Премиер лигата, две во ФА Куп и две во Лига купот. Тој го напушти Челзи во слободен трансфер во јули 2010 година, за да се приклучат наЛиверпул, кој една година подоцна го позајми на Лил. По една сезона во Франција, тој се врати во Ливерпул пред повторно да се приклучи на Вест Хем во јануари 2013 година.За Вест Хем во сезоната 2013-2015 одигра 31 натпревар и постигна 5 голови. По завршувањето на сезоната со Вест хем тој потпиша за Астон Вила во јуни 2014 година, но само после една сезона замина на позајмица во Ковентри Сити каде што во октомври 2015 година, се приклучи на тимот со договор до јануари 2016 година. Од 2016 до 2018 година настапувал за американскиот Тампа Беј Роудајс, каде што на 11 неомври 2018 година, објавил дека се повлекува од активно играње фудбал[1].

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

Кол настапи за повеќе англиски млади селекции на Англија како што е Англија под 16 години , Англија под-18 фудбалски тим и фудбалска репрезентација на Англија до 21 година. Периодот помеѓу 2001 и 2010 година, Кол настапуваше за сениорската репрезентација на Англија на 56 натпревари, постигнувајќи 10 гола. Тој беше избран во тимот на Англија за ФИФА Светското Првенство во 2002 година одржано во Јужна Кореја и Јапонија, како и ФИФА Светско Првенство во фудбал 2006 и ФИФА Светско Првенство во фудбал 2010 во Јужна Африка и беше дел од европското првенство во фудбал УЕФА Евро 2004.

  1. Sport, Telegraph (2018-11-13). „Joe Cole announces retirement but says he's keen to stay involved in game and become a coach“. The Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Посетено на 2018-11-13.