Прејди на содржината

Џејн Фонда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џејн Фонда
СопружникРоџер Вадим (1965-1973)
Том Хејден (1973-1990)
Тед Тернер (1991-2001)

Џејн Фонда (англиски: Jane Fonda) (Њујорк, САД, 21 декември 1937) — американска глумица, политичка активистка и поранешен фото-модел.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Џејн Фонда потекнува од филмско семејство: таа е ќерка на познатиот глумец Хенри Фонда, а нејзиниот брат Питер Фонда, исто така, остварил успешна глумечка кариера. Мајка ѝ Френсис имала кралски корени. Кога Џејн била мала, семејството се преселило од Калифорнија на Источниот брег на САД, а наскоро, татко ѝ побарал развод. Тогаш, мајка ѝ доживеала нервен слом и завршила во психијатриска болница, каде што извршила самоубиство, пресекувајќи си го грлото со брич. Тогаш, Џејн имала 12 години, а нејзиниот брат Питер - 10 години.[1]

Подоцна, Џејн имала бурен живот, одбележан со три неуспешни брака, од кои има две деца. Таа првпат се омажила на 27-годишна возраст за францускиот режисер Роже Вадим, во чиј филм „Барбарела“ ја играла насловната улога. По раѓањето на ќерката Ванеса, бракот се распаднал, а во 1972 година, Џејн се омажила за познатиот антивоен активист Том Хејден. Од тој брак се родил синот Трој, а бракот траел до 1990 година. Една година подоцна, Џејн се омажила за Тед Тарнер, сопственикот на „CNN“, но во 2001 година, тие се развеле. По подолга пауза, во 2009 година, Џејн стапила во љубовна врска со музичкиот продуцент Ричадр Пери.[1]

Во 1980-тите, Џејн Фонда остварила голем комерцијален успех со своите видео-касети со вежби и совети за здрав живот.

Филмска кариера

[уреди | уреди извор]

Во 1991 година, Џејн Фонда објавила дека се повлекува од глумата, но 14 години подоцна, таа повторно се вратила пред камерите, глумејќи во филмот „Свекрвиште“, во кој играла заедно со Џенифер Лопес. Подоцна, таа глумела и во телевизиската серија „Вести“, како и во серијата „Грејс и Френки“, која се прикажувала на каналот „Нетфликс“.[2]

Политички убедувања

[уреди | уреди извор]

Во текот на 1960-тите, Фонда се вклучила во политичкиот активизам во поддршка на Движењето за граѓански права и против Виетнамската војна. Во 1970-тите таа се вклучила во движењето за женски права. Од 2010-тите таа сè повеќе е вклучена во еколошки акции.

  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова, „Уживам во љубовта, но нема повторно да се мажам“, Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 11.
  2. Наташа Спирова, „Џоан Колинс пишува книги, Меги Смит жнее награди“, Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 10-11.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]